Ne pijem, ne pušim“ (македонски: Не пијам, не пушам) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот трет студиски албум Moderna žena (2016). Напишана е од хрватската поетеса и текстописец Вјекослава Хуљиќ, а продуцирана од Тончи Хуљиќ и Душан Васиќ . Издадена е како четврти сингл од албумот преку Кроација Рекордс на 11 април 2017 година. Комерцијално, песната постигнува успех во Хрватска, достигнувајќи го десеттото место на табелата за топ 40 синглови на Хрватска. Музички, „Ne pijem, ne pušim“ е песна со брз ритам, и радосна љубовна тематика која добива споредби со работата на Розга за време на нејзиното време во групата Магазин и со работата на Хуљиќ со бендот Мадре Бадеша. Во текстот на песната се пее дека протагонистката не пие, не пуши, ниту пцуе и дека единствениот порок ѝ е љубовта.

„Ne pijem, ne pušim“
Single од Јелена Розга
од албумот Moderna Žena
Пуштена11 април 2017 (2017-04-11)
Снимена2016
Жанр
Должина3:37
МаркаКроација Рекордс
Песнописец
Продуцент(и)
Јелена Розга ― синглова хронологија
"Žileti"
(2017)
"Ne pijem, ne pušim"
(2017)
"Najbolji Dan"
(2018)
Музичко видео
„Ne pijem, ne pušim“ на YouTube

Спотот за песната го режира Дарио Радусин и е објавен на Фејсбук страницата на пејачлата истиот ден кога и самата песна. Оддавајќи почит на "Addicted to Love" („Зависник од љубов“) (1986) од Роберт Палмер, клипот е заснован на изведба и ја прикажува Розга како ги пее стиховите на песната придружувана од целосно женски бенд. Музичкото видео е гледано повеќе од 18,5 милиони пати од 2022 година. „Ne pijem, ne pušim“ е дополнително промовирана со неколку телевизиски изведби на пејачката, вклучувајќи ги и оние на народни радио и Златната бубамара на популарноста за 2020 година. Покрај тоа, песната е дел од сет листата на концерти и свирки на Розга.

Позадина и композиција

уреди

„Ne pijem, ne pušim“ е напишана од хрватската поетеса и текстописец Вјекослава Хуљиќ, а продуцирана од музичарот и аранжер Тончи Хуљиќ . На продукцијата соработува и Душан Васиќ . Песната е вклучена на третиот студиски албум на Јелена Розга Модерна Жена (2016). Издадена е како четврти сингл од албумот преку Кроација рекордс на 11 април 2017 година. За време на нејзиното објавување, Розга накратко зборува за песната, нарекувајќи ја „една од оние песни кои ја обојуваат сивата боја во најубавите бои, има заразна, позитивна мелодија и текст и сигурна сум дека ќе ја ставите на повторување како мене“.[1] Розга открива дека кога првпат ја слушнала песната, се потсетила на „Opijum“ на Магазин и затоа нејзиниот работен наслов бил „Opijum 2“. Бидејќи песната не била готова пред објавувањето на албумот, Тончи Хуљиќ ѝ предложил на Розга да ја изостави од листата на песни. Сепак, на инсистирање на Розга, текстот за песната бил готов за два дена и ѝ бил испратен по е-пошта, по што таа веднаш отишла во студио и ја снимила за половина час.[2]

Музички „Ne pijem, ne pušim“ е споредена со делата на етно и фолк бендот на Хуљиќ, Мадре Бадеша.[3] Станува збор за радосна песна во брзо темпо која опишува дека и покрај тоа што протагонистката не пие, не пуши и не пцуе, таа сепак потпаѓа на една грешка, а тоа е љубовта.[4] По објавувањето, песната е споредувана и со работата на пејачката во времето кога таа е водечка пејачка на бендот Магазин.[2] Еден новинар на Хрватскиот музички канал смета дека „Ne pijem, ne pušim“ е „една од оние песни што со својата позитивна енергија и лесна мелодија многу брзо влегуваат во ушите на слушателите и стилски не се издвојуваат од другите песни што се наоѓаат на... 'Moderna žena'.[5]

Музичко видео

уреди

Музичкото видео за песната е објавено истовремено со изданието на синглот на 11 април 2017 година. Режирано е од Дарио Радусин и е наменето како омаж на "Äddicted to Love" („Зависник од љубов“) (1986) на Роберт Палмер . „Музичкото видео е посветено на еден од моите најдраги клипови на Роберт Палмер, кој остави голем белег во моето детство. Има нешто магично, привлечно во тој спот и сакав да ја обединам емоцијата со позитивната енергија на песната“, рекла Розга за време на едно нејзино интервју.[1] Во него, се појавува Розга облечена во црни панталони и бела кошула како ја пее песната на сцената придружена од целосно женски бенд. Музичкото видео станува многу популарно и е гледано скоро 18 милиони пати од мај 2022 година.[6] Пишувајќи за српскиот Телеграф, новинар опишува дека пејачката во него „зрачи со сексапил“.[7] На крајот на 2017 година, спотот за песната е рангиран како седмо најгледано видео во годината во Хрватска.[8]

Настапи во живо

уреди

Розга првпат ја изведува песната во живо по нејзиното објавување за време на велигденскиот концерт во Ревелин во Дубровник на 16 април 2017 година [9] Како дел од промоцијата на песната, Розга ја изведува „Ne pijem, ne pušim“ за време на неколку телевизиски гостувања. На 10 август 2018 година, пејачката објавува видео фрагмент на Инстаграм каде ја пее песната заедно со Петар Грашо на пијано и во придружба на неколку пријатели.[10] На 31 јануари 2018 година, Розга се појавува на емисијата на народни радио насловена „Dan Najbolje Domaće Glazbe 2018“ („Ден на најдобрата домашна музија“) каде ја изведува песната.[11] На 21 мај 2022 година, таа изведува акустична верзија на програмата на Народни „Living Room Acoustic“ („акустично во дневната соба“). Во февруари 2020 година, Розга се појавува на доделувањето на наградите „Златна бубамара на популарноста“ во Македонија, одржано во А1 Арената во Скопје, каде што изведува микс кој се состои од нејзините песни "Cirkus" („Циркус“), "Ne pijem, ne pušim" и „Dani su bez broja“ („Деновите се безбројни“).[12] За настапот таа се појавува облечена во син фустан за кој добива пофалби од печатот.[13] Покрај телевизиските настапи, „Ne pijem, ne pušim“ е дел од сетот на пејачката за време на нејзините концерти во Хрватска и поширокиот пост-југословенски регион. Дополнително, таа го изведува на 25 декември 2020 година, на Божиќ, за време на онлајн концерт во живо на Инстаграм за време на пандемијата на КОВИД-19 во придружба на Милан Терзе и Карло Дотур на гитара.

Полка преработка на песната заедно со „Dani i godine“ („Денови и години“) на Нина Бадриќ и „Dalmatinac Sam“ („Далматинец сум“) на Младен Грдовиќ е изведена од словенечкото трио Полкахолики и објавена на Јутјуб на 10 декември 2019 година по што се стекнува со фокус од медиумите.[14]

Табели

уреди

„Ne pijem, ne pušim“ дебитира и се искачува на 10-то место на хрватската топ 40 листа на синглови на ХР за неделата што завршува на 17 април 2017 година.[15]

Изведба на топ листи за „Ne pijem, ne pušim“
Табела (2017) Највисока позиција
Хрватска ( HR Топ 40 ) [15] 10

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Jelena Rozga ima spot za pjesmu 'Ne pijem, ne pušim', a spot ima i posvetu...“ [Јелена Розга има спот за песната ‚Ne pijem, ne pušim‘, а спотот има и посвета]. Вечерњи лист (хрватски). 11 април 2017. Посетено на 12 април 2024.
  2. 2,0 2,1 „Јелена Розга: Малкумина веруваа дека ќе успеам, беше тешко, но не потклекнав (галерија)“. Кумановски муабети. 12 август 2017. Посетено на 12 април 2024.
  3. Г., А. (24 ноември 2017). „Bravo Jelena Rozga najtiražnija glazbenica godine“ [Браво Јелена Розга најтиражна музичарка на годината] (хрватски). Story.hr. Посетено на 12 април 2024.
  4. „Jelena Rozga – Ne pijem, ne pušim“ [Јелена Розга – Ne pijem, ne puši]. Јутарњи лист (хрватски). 11 април 2017. Посетено на 12 април 2024.
  5. 'Ne pijem, ne pušim' – novi singl i spot Jelene Rozge!“ ['Ne pijem, ne pušim' – нов сингл и спот на Јелена Розга!] (хрватски). Croatian Music Channel. 2017. Посетено на 12 април 2024.
  6. JELENA ROZGA - NE PIJEM, NE PUSIM (OFFICIAL VIDEO 2017) HD. 11 April 2017. https://www.youtube.com/watch?v=_Lxxv8TMV7s&ab_channel=JelenaRozga. 
  7. „Ne pijem, ne pušim, ne psujem... Jelena Rozga otkrila svoj jedini porok! (video)“ [Не пијам, не пушам, не пцујам... Јелена Розга го октри својот единствен порок! (видео)]. Telegraf.rs (српски). 11 април 2017. Посетено на 12 април 2024.
  8. „YouTube objavio najgledanije spotove: Pogledajte što se slušalo u Hrvatskoj“ [Јутјуб ги објави најгледаните спотови: Погледнете што се слушаше во Хрватска] (хрватски). T-portal. 9 декември 2017. Посетено на 12 април 2024.
  9. „Sve je lijepo i ružičasto kad čujem "Ne pijem, ne pušim" [Сè е убаво и розево кога ќе ја слушнам „Ne pijem, ne pušim“] (хрватски). Soundset Ragusa. 14 април 2017. Посетено на 12 април 2024.
  10. „Odlično raspoložena Jelena Rozga zapjevala kolegi Petru Graši: Što me iz svog srca tjeraš van? [Одлично расположената Јелена Розга му запеа на колегата Петар Грашо: Зошто ме бркаш надвор од твоето срце?]. Дневник (хрватски). 10 August 2018. Посетено на 12 април 2024.
  11. Morić, Danijela-Ana (31 јануари 2018). „Grašo odnio pobjedu na Danu najbolje domaće glazbe“ [Грашо однесе победа на денот на најдобрата домашна музика] (хрватски). T-portal. Посетено на 12 април 2024.
  12. Спасовски, Васко (28 февруари 2020). „Златна Бубамара 2020: Сашко Коцев го "избриша" подот со РЕКЕТ, Aтиџе запеа пред публиката! (Галерија)“. Слободен печат. Посетено на 12 април 2024.
  13. „Јелена Розга убавица во сина креација за настапот на Златна бубамара на популарноста“. Femina.mk. 28 февруари 2020. Посетено на 12 април 2024.
  14. „Polkaholiki obradili pjesmu 'Ako te pitaju': Evo kako zvuči“ [Полкахолики ја обработија песната ‚Ako te pitaju‘: Еве како звучи] (хрватски). 24sata. 28 декември 2019. Посетено на 12 април 2024.
  15. 15,0 15,1 „HRtop40 17. tjedan 2017. (17.04.2017. – 23.04.2017.)“ [HRtop40 недела 17-та 2017. (17.04.2017. – 23.04.2017.)] (хрватски). top-lista. 17 април 2017. Архивирано од изворникот 20 декември 2021. Посетено на 12 април 2024.

Надворешни врски

уреди