Minus i plus (македонски: Минус и плус) е четиринаесеттиот студиски албум на хрватската група Магазин. Албумот е објавен во 2000 година од Кроација рекордс и Тоника. Ова е трет албум на групата Магазин со Јелена Розга како главен вокал. Албумот постигнува значаен комерцијален успех по неговото објавување и за тоа добива платинеста сертификација од хрватското музичко друштво. Од албумот се произлезени и неколку хит сингла, вклучувајќи ги „Kasno je“, „насловната песна“, „Ako poludim“, „Rapsodija“ и „Nemam snage da se pomirim“.

Заднина

уреди

Во 1998 година, групата Магазин гом објавува вториот студиски албум Da si ti ja. Албумот постигнува значаен комерцијален успех. Достигнува платина во тираж во Словенија и Хрватска. Албумот вклучува бројни хит синглови, меѓу кои и песните „Gutljaj vina“ (Голтка вино), „Ginem“ (Гинам), „Opijum“ (Опиум), „Idi i ne budi ljude“ (Оди и не ги буди луѓето) и „Na svijetu sve“ (Сѐ на светот). Групата почнува да работи на нови песни веќе следната година, па во 1999 г. настапот во Дора го одбележува со песната „Kasno je“ (Касно е), а потоа и на Мелодиите на Хрватскиот Јадран '99 со песната „Ako poludim“ (Ако полудам). Две години по албумот Da si ti ja, во 2000 г. година излегува албумот Minus i plus . Истата година, групата настапува со песната „Hrvatska rapsodija“ (Хрватска рапсодија) на Дора и на фестивалот Руњиќ со песната „Nemam snage da se pomirim“ (Немам сили да се помирам).[1]

За албумот

уреди

Албумот го добива името по истоимената песна, која достигнува значаен комерцијален успех. На албумот има 11 песни. Автори на песните се хрватската поетеса и текстописец Вјекослава Хуљиќ и нејзиниот сопруг, музичарот и продуцент Тончи. Продуцент на речиси сите песни е Федор Боиќ (освен песната „Rapsodija“, на која работи Реми Казиноти). Продуценти на албумот се Тончи Хуљиќ и Федор Боиќ. Албумот е снимен во студиото на Томислав Мрдуљаш во Сплит. Албумот е звучно кохезивен и преовладува поп звукот.[2]

Комерцијален успех

уреди

Како и претходниот албум, Minus i plus постигнува значителен комерцијален успех. Албумот вклучува бројни хитови: „Jel' zbog nje“ (Дали е поради неа) , „Minus i plus“ (Минус и плус), „Kasno je“ (Доцна е), „Nemam snage da se pomirim“ (Немам сила да се помирам), „Ako poludim“ (Ако полудам) и „Rapsodija“ (Рапсодија) . Сите споменати песни се придружени со видео клипови.[3]

Наводи

уреди
  1. https://shop.crorec.hr/crorec.hr/izvodjac.php?OBJECT_ID=101087&x=13&y=14 Magazin shop.crorec.hr
  2. Magazin - Minus i plus „Magazin - Minus i plus“ Проверете ја вредноста |url= (help). Discogs. Посетено на 21 април 2024.
  3. „Magazin“. Кроација рекордс. Посетено на 21 април 2024.