Rapsodija“ (македонски: Рапсодија) или исто така позната како „Hrvatska rapsodija“ (македонски: Хрватска рапсодија) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин. Издадена е во 2000 година, а се нашла на четиринаесеттиот студиски албум на бендот, односно на третиот студиски албум на бендот со Јелена Розга како главна пејачка, насловен Minus i plua (Минус и плус). Како и најголемиот број песни на албумот, „Rapsodija“ е напишана од страна на хрватскиот музичар и композитор Тончи Хуљиќ и поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. За да ја промовира песната, бендот има снимено и музичко видео. Покрај текстот кој е напишан на хрватски, песната исто така содржи еден стих на англиски којшто гласи „I will love you 'till the end of time“ (Ќе те сакам до крајот на времето).

„Rapsodija“
сингл од Магазин
од албумот Minus i plus
Пуштена2000
Снимена2000
Жанр
МаркаКроација Рекордс
Песнописец
Продуцент(и)
Магазин ― синглова хронологија
"Ako poludim"
(2000)
"Rapsodija"
(2000)
"Nemam snage da se pomirim"
(2001)