„Kasno je“ (македонски: Доцна е) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин. Издадена е во 1999 година, а се нашла на четиринаесеттиот студиски албум на бендот, односно на третиот студиски албум на бендот со Јелена Розга како главна пејачка, насловен Minus i plua (Минус и плус). Како и најголемиот број песни на албумот, песната е напишана од страна на хрватскиот музичар и композитор Тончи Хуљиќ и поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. За да ја промовира песната, бендот има снимено и музичко видео.