Ladytron
Ladytron ― англиска група на електронска музика основана во Ливерпул во 1999 година. Групата се состои од: Хелен Марни (главна пејачка, синтисајзер), Мира Аројо (пејачка, синтисајзер) и Даниел Хант (синтисајзери, гитара, пејачк).[1] [2] Групата издала седум студиски албуми: 604 (2001), Light & Magic (2002), Witching Hour (2005), Velocifero (2008), Gravity the Seducer (2011), Ladytron (2019) и Time's Arrow (2023). Тие, исто така, го издале албумот во живо Live at London Astoria на 16.07.08 во 2009 година и компилацискиот албум Best of 00–10 во 2011 година. Продуцирале и ремикси за музичари како: Дејв Ган, Erasure, Goldfrapp, Apoptygma Berzerk, Placebo, Blondie, Gang of Four, Кристина Агилера, Nine Inch Nails, Bloc Party, Kings of Convenience, Soulwax и Рошин.
Ladytron | |
---|---|
Ladytron на настап во 2018 година; од лево кон десно: Питер Кели, Мира Аројо, Даниел Хант, Рубен Ву и Хелен Марни. | |
Животописни податоци | |
Потекло | Ливерпул, Англија |
Жанрови | |
Период на активност | 1999–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | ladytron.com |
Името на групата е преземено од песната „Ladytron“ од Roxy Music. [3] Поранешниот член на Рокси мјузик, Брајан Ино, во 2009 година рекол: „Ладитрон за мене е најдоброто од англиската поп-музика“.[4] Лејдитрон својот звук го опишува како „електронски поп“, [5] но музичките новинари нивниот музички стил меѓу другите жанрови го опишале и како синт-поп, електронски рок, пост-панк и нов бран. Некои песни од групата содржат стихови напишани од Аројо на нејзиниот мајчин бугарски јазик.
Членови на групата
уредиСегашни членови
- Хелен Марни – водечки вокал, синтисајзери (1999-денес)
- Мира Аројо – синтисајзери, вокал (1999-денес)
- Даниел Хант – синтисајзери, гитари, бас гитара, вокал (1999-денес)
Поранешни членови
- Рубен Ву - синтисајзери (1999-2023)
Дискографија
уреди- 604 (2001)
- Light & Magic (2002)
- Witching Hour (2005)
- Velocifero (2008)
- Gravity the Seducer (2011)
- Ladytron (2019)
- Time's Arrow (2023)
Наводи
уреди- ↑ „Roland U.S. – Insider – Ladytron“. 6 September 2011. Архивирано од изворникот на 6 September 2011.
- ↑ „LADYTRON – An Interview With Reuben Wu | Voxy.co.nz“. 4 November 2018. Архивирано од изворникот на 4 November 2018.
- ↑ „Ladytron: Spell Bound – XLR8R“. 29 September 2018. Архивирано од изворникот на 29 September 2018.
- ↑ „Brian Eno talks about Ladytron (Luminous Festival 2009 – Sydney Opera House)“. 9 July 2009. Архивирано од изворникот на 2023-09-30. Посетено на 2024-03-31.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „DiS meets Ladytron / In Depth // Drowned in Sound“. 2 October 2018. Архивирано од изворникот на 2 October 2018.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Ladytron на Discogs (англиски)
Оваа статија музичка група или друг вид ансамбл е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |