Bloc Party
Bloc Party (транскрипција: Блок парти) ― англиска рок-група основана во Лондон во 1999 година. Групата ја основале Келе Окерики и Расел Лисак. Во сегашниот состав членуваат и: Луиз Бартл и Хари Дикон. Поранешните членови Мет Тонг, Гордон Моакс и Џастин Харис ја напуштиле групата во 2013, 2015 и 2023 година соодветно. Музиката на Bloc Party жанровски се класифицира како рок, но таа често содржи и елементи од други жанрови како електроника и хаус-музика.
Bloc Party | |
---|---|
Bloc Party на настап во живо во 2019 година. Од лево кон десно: Лисак, Окереке, Харис и Бартл | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лондон, Англија |
Жанрови |
|
Период на активност | 1999–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | blocparty.com |
Од основањето во 1999 година групата сменила неколку имиња, меѓу кои The Angel Range, Diet и Union. Во септември 2003 година конечно го прифатиле сегашното име на групата, Bloc Party. Моакс се придружил на групата по објавен оглас во списанието NME, а Тонг бил избран на аудиција. На музичката сцена Bloc Party се пробиле откако им дале копија од нивната демо-снимка „She's Hearing Voices“ на диџејот Стив Ламак од Би-Би-Си Радио 1 и на Алекс Капранос од Franz Ferdinand.
Во февруари 2005 година бил издаден првиот албум на групата, Silent Alarm. Албумот добил позитивни критики, а на PLUG наградите во 2006 година бил прогласен за инди-албум на годината. Списанието за инди-музика, NME го прогласил за албум на годината. Уште истата година албумот за здобил со платинест сертификат во Британија. Во 2007 година групата го објавила вториот студиски албум, A Weekend in the City. Албумот бил подеднакво успешен како и неговиот претходник и се искачил на второ место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство и на дванаесето место на Билборд 200. Во август 2008 година, Блок Парти го објавиле нивниот трет студиски албум, Intimacy, кој дебитирал на осмото место на топ-листата за албуми во Велика Британија и на осумнаесеттото место на Билборд 200.
Во октомври 2009 година групата заминала на пауза за да се насочи на споредни проекти. Тие се обединиле во септември 2011 година и веднаш потоа го издадале нивниот четврти албум, Four. Во август 2013 година, Блок Парти го издала третото ЕП под наслов The Nextwave Sessions; групата потоа започнала уште една неодредена пауза за нејзините членови да продолжат со нивните соодветни споредни проекти. Петтиот студиски албум на групата, Hymns, прв во кој биле вклучени Харис и Бартл, бил објавен на 29 јануари 2016 година. Нивниот шести студиски албум, Alpha Games, бил објавен на 29 април 2022 година. На 21 јули 2023 година, тие го објавија High Life EP. Блок Парти имаат продадено над 3 милиони албуми ширум светот. [1]
Музички стил
уредиМузичкиот стил на Блок Парти се опишува како инди-рок,[2] [3] пост-панк преродба,[4] пост-бритпоп,[5] алтернативен рок,[6] арт-панк, [7] арт-рок, [8] денс-рок, [9] [10] и алтернативна денс-музика.[9] Гитарскиот рок на Блок Парти се потпира на влијанија од групи како: The Chemical Brothers,[11] Pixies, Joy Division, Sonic Youth и The Smiths.[12] За време на снимањето на вториот албум A Weekend in the City, групата навела дека ќе содржи „R&B стилизиран ритам, песна каде што [Тонг] и [Моакс] чукаат на тапани“, [13] за разлика од музиката која дотогаш ја објавиле. Овој стил бил споредуван и бил инспириран од групи како: Radiohead, U2, Depeche Mode и Björk.[14] Некои од најзабележливите промени помеѓу дебитантскиот Silent Alarm и A Weekend in the City се тоа што песните станале послоевити и помалку сурови поради вклучувањето на гудачки секции.
По објавувањето на „Flux“, стилот на Блок Парти станал уште поразновиден со вклучувањето на електронската музика. „ Третиот албум на групата Intimacy, исто така, содржи синт-поп елементи, обработени звуци на тапани, манипулација на глас и хорски секции. Иако албумот бил под влијание на електронската музика, групата и понатаму ги задржала гитарските делови.
Членови
уредиСеагшни членови
уреди- Келе Окереке – водечки вокал, ритам гитара, семплер, електричен пијано (1999-денес)
- Расел Лисак – водечка гитара, семплер, синтисајзер, програмирање (1999-денес)
- Луиз Бартл – тапани, удирачки инструменти, придружни вокали (2015-денес)
Сегашни музичари за турнеја
уреди- Хари Дикон – бас гитара, синтисајзер, придружен вокал (2023-сега) [15]
Поранешни членови
уреди- Гордон Моакс – бас гитара, придружни и повремени водечки вокали, клавијатури, синтисајзер, тапани, глокеншпил (2002–2015)
- Мет Тонг – тапани, перкусии, придружни вокали (2002–2013)
- Џастин Харис – бас гитара, придружен вокал, синтисајзер, глокеншпил, саксофон (2015–2023)
Поранешни музичари за турнеја
уреди- Сара Џонс – тапани, перкусии (2013) [16]
- Даниел Пугсли – бас гитара, клавијатури, придружни вокали (2023)
Дискографија
уреди- Silent Alarm (2005)
- A Weekend in the City (2007)
- Intimacy (2008)
- Four (2012)
- Hymns (2016)
- Alpha Games (2022)
Наводи
уреди- ↑ „50 most depressing facts about music“. NME. 4 May 2012. Архивирано од изворникот на 4 September 2018. Посетено на 10 May 2012.
- ↑ Reed, Ryan (16 March 2016). „Watch Bloc Party Channel 'The Love Within' on 'Seth Meyers'“. Rollingstone. Архивирано од изворникот на 19 November 2016. Посетено на 2 June 2018.
- ↑ Cripps, Charlotte (27 April 2005). „Bloc Party: Rock around the Bloc“. Independent. Архивирано од изворникот на 24 January 2019. Посетено на 2 June 2018.
- ↑ Moore, David. „Bloc Party“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на 24 January 2019. Посетено на 2 June 2018.
- ↑ I. Collinson, "Devopop: pop Englishness and post-Britpop guitar bands", in A. Bennett and J. Stratton, eds, Britpop and the English Music Tradition (Aldershot: Ashgate, 2010), ISBN 0-7546-6805-3, pp. 163–178.
- ↑ Xinying, Hong (5 November 2012). „Bloc Party To Perform Live In Singapore“. Herworld. Посетено на 2 June 2018.
- ↑ Phares, Heather. „Bloc Party Bio“. AllMusic. Архивирано од изворникот на 24 January 2019. Посетено на 2 June 2018.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 9,0 9,1 Williams, Tom (16 November 2013). „Bloc Party's Kele Okereke Releases New House Track 'God Has A Way'“. Musicfeeds. Архивирано од изворникот на 22 April 2018. Посетено на 2 June 2018.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Ross, Emma Lee (25 October 2014). „KELE OKEREKE: "THIS IS A NEW TERRITORY FOR ME, SINGING ABOUT DESIRE"“. Noisey. Vice Media. Архивирано од изворникот на 24 February 2015. Посетено на 8 February 2015.
- ↑ McLean, Craig (7 January 2007). „Kele Okereke: 21st century boy“. The Guardian. London. Архивирано од изворникот на 18 April 2008. Посетено на 2 May 2008.
- ↑ „Bloc Party reveal new sound“. NME. Архивирано од изворникот на 16 May 2008. Посетено на 4 May 2008.
- ↑ Daniel Melia (24 February 2006). „Bloc Party Plan Experimental "Radiohead" Like Second Album“. Gigwise. Архивирано од изворникот на 21 June 2006. Посетено на 10 July 2008.
- ↑ „Harry Deacon“. La Bella. Посетено на 10 July 2023.
- ↑ „Bloc Party play last show before hiatus at Latitude Festival - NME“. NME (англиски). 20 July 2013. Архивирано од изворникот на 11 July 2017. Посетено на 3 September 2017.
Надворешни врски
уредиОваа статија музичка група или друг вид ансамбл е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |