Siouxsie and the Banshees

англиска рок-група

Siouxsie and the Banshees (транскрипција: Сузи енд д баншис) ― поранешна британска рок-група основана во Лондон во 1976 година. Основачи на групата се: пејачката Сузи Су (англиски: Siouxsie Sioux) и бас-гитаристот Стивен Северин, кои воедно биле единствените постојани членови на групата. Иако нивната популарност надвор од Обединетото Кралство била релативно мала, тие се сметаат за една од важните групи на пост-панк и дарк-вејв движењето, а исто така имале големо влијание врз нивните современици и врз подоцнежните музичари како: Joy Division,[1] The Cure,[2] The Smiths,[3] Radiohead,[4][5] U2,[6] Massive Attack[7] и Bloc Party[8]. Тајмс за групата напишал дека биле „една од најхрабрите и најбескомпромисните музички авантуристи во пост-панк ерата“.[9]

Siouxsie and the Banshees
Членовите на групата, од лево кон десно: Стивен Северин, Сузи Су и Џон Мекеј
Животописни податоци
Познат(а) и какоJanet and the Icebergs
ПотеклоЛондон, Англија
Жанрови
Период на активност1976–1996, 2002
Издавачи
Мреж. местоSiouxsieandthebanshees.co.uk

Siouxsie and the Banshees објавиле 11 студиски албуми и 30 синглови. Тие се распаднале во 1996 година, а Сузи и Баџи продолжиле да снимаат музика под името Creatures, втора група која ја основале во раните 1980-ти. Во 2004 година, Сузи започнала соло-кариера.

Историја

уреди

Основање (1976–1977)

уреди

Сузи Су и Стивен Северин се запознале на концерт на Roxy Music во септември 1975 година.[10] Од февруари 1976 година, Сиукси, Северин и некои нивни пријатели почнале да ја следат групата Секс Пистолс.[11] Откако дознале дека една од групите кои требало да свират на панк-фестивалот „100 клуба“, организиран од менаџерот на Секс Пистолс, Малколм Мекларен, во последен момент се повлекла од настапот, Сузи му предложила на организаторот таа и Северин да ја заменат групата, иако во тоа време немале група ниту други членови.[10] Тие настапиле на фестивалот одржан во Лондон на 20 септември 1976 година. Со двајца позајмени музичари: Марко Пирони на гитара и Сид Вишос на тапани, нивниот настап состоел од 20-минутна импровизација заснована на „Оче наш“.[10]

Групата планирала да се раздели по настапот, но публиката побарала да свират повторно. Во текот на следните неколку месеци, Сузи и Северин го ангажирале тапанарот Кени Морис и гитаристот Питер Фентон.[10] По неколку настапи на почетокот од 1977 година, сфатиле дека Фентон не се вклопува во групата затоа што бил „вистински рок гитарист“. Него, во јули, го заменил Џон Мекеј.[10]

Почетоци и први албуми (1978-1979)

уреди

На почетокот на 1978 година групата пеела на распродадени концерти во Лондон,[12] но не можела да склучи договор со издавачка куќа со кој би имале „целосна уметничка контрола“.[13] Полидор им понудил ваква гаранција и потпишале договор со групата во јуни. Првиот сингл, „Hong Kong Garden“, стигнал до топ-10 во Обединетото Кралство.

Првиот албум, The Scream, групата го издала во ноември 1978 година. Ник Кент од NME за плочата рекол: „Групата звучи како оригинален хибрид на Velvet Underground споен со голем дел од генијалноста на Кан“.[14]

Вториот албум на The Banshees, Join Hands, бил објавен во 1979 година. The Banshees започнале голема турнеја за промоција на албумот.

Популарност (1980–1989)

уреди

Со третиот студиски албум, Kaleidoscope, издаден во 1980 година, Banshees навлегле во нови музички води преку употреба на други инструменти како синтисајзери, ситари и тапани. Групата прво имала концепт секоја песна да звучи сосема поинаку, без разлика дали таа може да се изведува на концерт или не. [10] Kaleidoscope добро се продавал, и се искачил на петто место на топ-листата за албуми во Велика Британија. Групата за првпат била на турнеја низ САД за поддршка на албумот.[10]

Податотека:Siouxsie and the banshees 1981's line-up with John McGeoch.jpg
Siouxsie and the Banshees во 1981 година, од лево кон десно: Баџи, Сузи, Стивен Северин и Џон Мекџич

За албумот Juju (1981) групата имала поинаков пристап и прво ги вежбала песните на концерт пред да ги сними и да ги стави на албумот.[10] Juju, според Северин, станал ненамерен концепциски албум кој се „потпирал на потемни елементи“. Албумот подоцна се искачил на 7-мо место на топ-листата за албуми во Велика Британија и станал еден од нивните најпродавани албуми.[15]

За време на турнејата во 1981 година, Сузи и Баџи започнале врска.[10] Истовремено, тие креирале дуо со тапан и глас под името Creatures, и го објавиле нивното прво EP, Wild Things.

Banshees во 1982 година го објавиле психоделичниот албум A Kiss in the Dreamhouse.[16] Британскиот печат го поздравил со ентузијазам.[17][18] Ричард Кук неговата рецензија во NME ја завршил со реченицата: „Ветувам...оваа музика ќе ви го одземе здивот“.[19] Во тоа време, Мекџич имал проблеми поврзани со алкохолизам и бил хоспитализиран откако се вратил од промотивното патување во Мадрид. Групата го отпуштила набргу потоа.[10] Роберт Смит ја прифатил понудата да биде негова замена на гитара и се вратил во групата во ноември 1982 година.[10]

Во текот на 1983 година, членовите на групата работеле на неколку споредни проекти; Сузи и Баџи го компонирале првиот албум на Creatures, Feast, а Северин и Смит снимиле песни под името the Glove. Смит потоа инсистирал да го документира неговото време поминато во the Banshees, па групата во септември 1983 година објавила преработка на песната од Битлси, „Dear Prudence“. Песната станала нивен најголем хит во Обединетото Кралство, каде се искачила на 3-то место на топ-листата за синглови.[10] Тие, исто така, издале албум во живо, Nocturne, и го завршиле нивниот шести студиски албум, Hyæna.[10] Непосредно пред неговото објавување во мај 1984 година, Смит ја напуштил групата, а како причина ги навел здравствените проблеми од преоптоварениот распоред, затоа што истовремено членувал во две групи.[10]

Џон Валентин Карутерс го заменил Смит, а со него Banshees преработиле четири нумери од нивниот репертоар, во кои придодале гудачки дел, за нивното ЕР, The Thorn. Новата постава на Banshees најголемиот дел од 1985 година го поминала работејќи на новиот албум, Tinderbox. Групата ја завршила песната „Cities in Dust“ и побрзале да ја објавуват како сингл пред нивната најдолга турнеја во Велика Британија.[10] Tinderbox бил објавен во април 1986 година. Поради тоа што поминале многу време работејќи на Tinderbox, групата одлучила да сними албум со преработки, Through the Looking Glass, во 1987 година.[10] По објавувањето на албумот, групата увидела дека Карутерс повеќе не се вклопува и одлучила како трио да работи на нов материјал.[10]

По долга пауза, групата ги ангажирала мултиинструменталистот Мартин МекКарик и гитаристот Џон Клајн. Квинтетот во 1988 го снимила албумот Peepshow, на кој имало нетрадиционални рок-инструменти како виолончело и хармоника. Првиот сингл, „Peek-a-Boo“, критичарите го гледале како „храбар потег“ со рогови и денс-елементи.[20] „Peek-a-Boo“ бил нивен прв вистински пробив во САД.[21] По турнејата, групата одлучила да направи пауза.

Подоцнежни години и распаѓање (1991-1999)

уреди

Во 1991 година, Siouxsie and the Banshees го објавиле синглот „Kiss Them for Me“. По објавувањето, синглот добил многу добри критики.[22] „Kiss Them for Me“ станал нивен најуспешен сингл во САД.и им овозможил да допрат до нова публика.[21] Набргу потоа бил објавен албумот Superstition, а групата била на турнеја низ САД. Следната година, режисерот Тим Бартон од Banshees побарал да ја компонираат „Face to Face“ како сингл за филмот „Бетмен се враќа“.[10]

Во 1993 година, Banshees снимиле нови песни засновани на гудачки аранжмани, а потоа ги свиреле на фестивали во странство. Кога се вратиле во Англија, тие го најмиле поранешниот член од Velvet Underground, Џон Кејл, да го продуцира остатокот од албумот. [10] Албумот The Rapture бил објавен во 1995 година. Неколку недели по објавувањето, Полидор ја исфрлил групата од неговиот список.[10] На последната турнеја на групата во 1995 година Клајн бил заменет од поранешниот гитарист на The Psychedelic Furs, Нокс Чендлер. Во април 1996 година, Banshees се распаднале по 20 години заедничка работа.[23] Сузи и Баџи објавиле дека ќе продолжат да снимаат под името the Creatures. Во 1999 година тие го издале албумот Anima Animus.[24]

2000-ти – денес

уреди

Во 2002 година, Universal Music го објавил компилацискиот албум The Best of Siouxsie and the Banshees. Во април, Сузи, Северин, Баџи и Чендлер накратко повторно се обединиле накратко за турнејата Seven Year Itch, од која во 2003 година бил направен албумот во живо Seven Year Itch.

На 4 март 2004 година, Мекгич починал во сон по епилептичен напад, на 48-годишна возраст. [25]

Компилација од 10 песни под наслов All Souls била објавена во 2022 година. Листата на песни за албумот била по избор на Сузи и албумот ја содржи песната „Sрellbound“ (лиценцирана за четвртата сезона од серијата Почудни нешта), „Fireworks“, „Peek-a-Boo“, и некои песни од албуми и реткости.[26] Бил издаден на црн винил,[27] и на портокалов винил.[28]

Во 2023 година, The Rapture бил повторно издаден на винил.[29]

Во 2024 година, двојното винилно издание на албумот во живо Nocturne од 1983 година, било реиздадено ширум светот преку неколку независни продавници и веб-страници.[30]

Членови на групата

уреди
Главни членови
  • Сузи Су – главна пејачка, повремено на гитара (1976–1996, 2002)
  • Стивен Северин – бас, клавијатури (1976–1996, 2002)
  • Баџи – тапани, перкусии, хармоника, клавијатури (1979–1996, 2002)

Други членови

  • Марко Пирони – гитара (1976)
  • Сид Вишос – тапани (1976)
  • Кени Морис – тапани, перкусии (1977–1979)
  • Питер Фентон – гитара (1977)
  • Џон Мекеј – гитари, саксофон (1977–1979)
  • Роберт Смит – гитари, клавијатури (1979, 1982–1984)
  • Џон Мекџиох – гитари, клавијатури (1980–1982)
  • Џон Валентин Карутерс – гитари, клавијатури (1984–1987)
  • Мартин МекКарик – клавијатури, дулцимер, виолончело, хармоника, виолина (1987–1996)
  • Џон Клајн – гитари (1987–1994)
  • Нокс Чендлер – гитари (1995–1996, 2002)

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди
  • The Scream (1978)
  • Join Hands (1979)
  • Kaleidoscope (1980)
  • Juju (1981)
  • A Kiss in the Dreamhouse (1982)
  • Hyæna (1984)
  • Tinderbox (1986)
  • Through the Looking Glass (1987)
  • Peepshow (1988)
  • Superstition (1991)
  • The Rapture (1995)

Наводи

уреди
  1. „Playlist – Peter Hook's "Field recordings“. Q magazine. 23 април 2013. Архивирано од изворникот на 7 ноември 2017. Посетено на 10 јануари 2017.
  2. Rob Fitzpatrick (avgust 2012), „Robert Smith interview“, The Word, Посетено на 15 август 2016, I played with the Banshees [after their guitarist John McGeoch suddenly left] through our first tour, and it allowed me to think beyond what we were doing. I wanted to have a band that does what Steve Severin and Budgie do, where they just get a bassline and the drum part and Siouxsie wails. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Horner, Al (19 септември 2014). „Johnny Marr On Working With Noel Gallagher, Scottish Independence And More – Twitter Q&A“. NME. Посетено на 2 ноември 2016.
  4. Jeff, Klingman (22 јули 2013). „10 Bullet Points from the Thom Yorke Interview on WTF with Marc Maron“. Thelmagazine.com. Архивирано од изворникот на 14 октомври 2013. Посетено на 2 септември 2013.
  5. Binelli, Mark (7 февруари 2008). „The Future According To Radiohead How they ditched the record business and still topped the charts“. Rolling Stone (1045). By the last weeks of December, the band was beginning to rehearse for its 2008 tour. The rehearsals included a number of covers: Siouxsie and the Banshees, The Smiths, "The Night" by Frankie Valli and the Four Seasons.
  6. McCormick, Neil (2006). U2 by U2. HarperCollins Publishers. стр. 56, 58 and 96.
  7. „massive attack discography – tune info + lyrics – superpredators“. inflightdata.com. Архивирано од изворникот на 13 јули 2011. Посетено на 1 ноември 2010.
  8. O'Kane, Josh (18 септември 2008). „Talking Bloc during Harvest Jazz – Bloc Party frontman Kele Okereke talks life, love, music and Ultimate Fighting“. [Here] New Brunswick. Архивирано од изворникот на 8 јули 2011. Посетено на 8 јули 2012. With the new record, he said he was inspired by a song written years ago by Siouxsie and the Banshees called Peek-a-Boo. 'I heard it for the first time, and it sounded like nothing else on this planet. This is just a pop song that they put out in the middle of their career that nobody knows about, but to me it sounded like the most current but most futuristic bit of guitar-pop music I've heard. I thought, that'd be cool, to make music that people might not get at the time, but in ten years' time, people would revisit it." Занемарен непознатиот параметар |deadurl= (help)
  9. Nigel Williamson (27 November 2004). „Siouxsie & the Banshees (subscription required)“. The Times. Посетено на 8 July 2012. ...with the Banshees she helped to invent a form of post-punk discord full of daring rhythmic and sonic experimentation... The Banshees stand proudly alongside PIL, Gang of Four and the Fall as the most audacious and uncompromising musical adventurers of the post-punk era.
  10. 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 10,11 10,12 10,13 10,14 10,15 10,16 10,17 10,18 10,19 Paytress 2003.
  11. Johns 1989.
  12. Morley, Paul. „A World Domination By 1984 Special“. NME (14 January 1978). They hold the house record at the Vortex. They sold out The Nashville two nights running.
  13. Thrills, Adrian. „Complete Control: Siouxsie in Wonderland“. NME (24 June 1978). If it's our material, we want to have control over what is put out, how it is put out... the packaging and God knows what else.
  14. Nick Kent. „Bansheed! What's in an Image?“. NME (26 August 1978).
  15. „Siouxsie & the Banshees – Official Charts“. Official Charts Company. Посетено на 21 July 2013.
  16. Mulholland, Garry (November 2012). „Siouxsie And The Banshees: "We were losing our minds". uncut.co.uk. Time Inc. (UK) Ltd.
  17. Steve Sutherland. „Awakening Dreams [A Kiss in the Dreamhouse review]“. Melody Maker (6 November 1982). Dreamhouse is an intoxicating achievement
  18. Jim Reid. „A Kiss in the Dreamhouse review“. Record Mirror (6 November 1982). This is a very fine pop record.
  19. Cook, Richard (6 November 1982). „A kiss in the Dreamhouse review“. NME. Rock's Backpages (subscription required). Посетено на 1 October 2012.
  20. Kane, Peter (23 July 1988). „single of the week (Siouxsie and the Banshees, Peek-a-Boo)“. Sounds.
  21. 21,0 21,1 „Siouxsie and the Banshees – awards [Billboard]“. AllMusic. Архивирано од изворникот на 22 October 2011. Посетено на 6 November 2011.
  22. The Stud Brothers. „Single of the week (Kiss them for me by siouxsie and the Banshees)“. Melody Maker (18 May 1991). Sublime, [...] It doesn't just groove, [...] It floats almost imperceptibly to its ecstatic climax, each sweet verse and saccharin chorus a tantalising hint of what's to come.
  23. „Split in the Dreamhouse“. Melody Maker (13 April 1996).
  24. Anima Animus review“. The Times. 13 February 1999. hypnotic and inventive
  25. Sullivan-Burke 2022.
  26. „Siouxsie and the Banshees announce All Souls - press release“. Prnewswire. 2022-09-08. Посетено на 2022-09-08.
  27. All Souls (black vinyl for the Netherlands and Europe) Siouxsie and the Banshees“. platenzaak.nl. Посетено на 2022-09-08.

    All Souls (black vinyl for the US) Siouxsie and the Banshees“. Roughtrade US. 2022-09-08. Архивирано од изворникот на 2022-09-08. Посетено на 2022-09-08.

    All Souls (black vinyl for the US) Siouxsie and the Banshees“. Thesoundofvinyl US. 2022-09-08. Посетено на 2022-09-08.

    All Souls (UK black vinyl) Siouxsie and the Banshees“. Roughtrade.com UK. 2022-09-08. Посетено на 2022-09-08.

    All Souls (black vinyl for the UK) Siouxsie and the Banshees“. Hmv.com. 2022-09-08. Посетено на 2022-09-08.

    All Souls (U.S. black vinyl) Siouxsie and the Banshees“. Amoeba.com. 2022-09-08. Посетено на 2022-09-08.
  28. All Souls Orange vinyl“. Udiscovermusic.com. Посетено на 2023-10-31.
  29. „Siouxsie and the Banshees The Rapture translucent turquoise double vinyl 2023 - Europe“. Fnac. Посетено на 18 September 2023.

    „Siouxsie and the Banshees The Rapture translucent turquoise double vinyl - UK“. Resident-music.com. Посетено на 18 September 2023.

    „Siouxsie and the Banshees The Rapture translucent turquoise double vinyl -UK“. Rockbox.co.uk. Посетено на 18 September 2023.

    „Siouxsie and the Banshees The Rapture translucent turquoise double vinyl - Europe Germany“. Bravado.de. Посетено на 18 September 2023.

    „Siouxsie and the Banshees The Rapture translucent turquoise double vinyl - Europe France“. Vinylcollector France. Посетено на 18 September 2023.

    „Siouxsie and the Banshees The Rapture translucent turquoise double vinyl - Europe Germany“. Udiscover-music.de. Посетено на 18 September 2023.

    „Siouxsie and the Banshees The Rapture translucent turquoise double vinyl for Australia only“. Jbhifi.com.au. Посетено на 18 September 2023.

    „Siouxsie and the Banshees The Rapture translucent turquoise double vinyl Siouxsie and the Banshees - UK - Europe“. Hmv.com. Посетено на 28 December 2023.

    „Siouxsie and the Banshees The Rapture translucent turquoise double vinyl - UK“. Amazon UK. Посетено на 18 September 2023.

    „Siouxsie and the Banshees The Rapture translucent turquoise double vinyl - UK“. Juno.co.uk. Посетено на 18 September 2023.

    The Rapture translucent turquoise double vinyl - U.S.“. Amoeba.com. Посетено на 18 September 2023.
  30. Nocturne Record store Day UK 2024“. Roughtrade. Посетено на 2024-04-22.

Надворешни врски

уреди