Ивер
(Пренасочено од Femur)
Иверот (латински: femur) е парна и најдолга коска во човековото тело, позната како бутна коска.
Ивер | |
---|---|
Позиција на иверот (бутна коска), означено во црвените делови. | |
Десен ивер, предна страна. | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | Os femoris, os longissimum |
MeSH | A02.835.232.500.247 |
TA | A02.5.04.001 |
FMA | FMA:9611 |
Делови
уредиНа иверот се разликуваат:
- тело (латински: corpus femoris) наликува на тристрана призма, лаковидно извиена во конвекситет нанапред, служи за припојување на одделни мускули на бутот;
- глава (латински: caput femoris) се спојува со зглобната површина од ацетабулумот на карличната коска;
- анатомски врат (латински: collum femoris);
- голема џумка (латински: trochanter major);
- мала џумка (латински: trochanter minor);
- два кондила (латински: condylus medialis et lateralis) однапред се споени, а одназад се раздвоени со интеркондиларна јама, долните површини од кондилите се зглобуваат со тибијата, а однапред се зглобуваат со чашката (латински: patella), бочно од кондилите се наоѓа по еден незглобен епикондил.
Мускули
уредиМускулите во овој дел го поврзуваат горниот крај од иверот со коските од карличниот појас и го поврзуваат иверот со горните краеви од коските на потколеницата:
- слабинскобедрен мускул (латински: m.iliopsoas), составен од два мускули:
- бедрен мускул (латински: m.iliacus), тргнува од илијачната јама на карличната коска;
- голем слабински мускул (латински: m.psoas major) тргнува од телата и напречните израстоци на слабинските прешлени. Двата мускули со заедничка тетива завршуваат на малата џумка од иверот;
- голем седален мускул (латински: m.gluteus maximus) тргнува од крилото на бедрената коска и од крсната коска, а завршува на задната страна од бутот;
- среден седален мускул (латински: m.gluteus medius) се наоѓа под големиот седален мускул и има ист припој како големиот седален мускул;
- најмал седален мускул (латински: m.gluteus minimus) сместен е најдлабоко, а има ист припој како големиот и средниот седален мускул;
- четириглав мускул на бутот (латински: m. quadriceps) составен е од четири глави, едната глава тргнува од карличната коска, а другите три од иверот. Сите глави преку заедничка тетива означена како пателарен лигамент завршуваат на горниот крај од тибијата, мускулот е силен екстензор на потколеницата;
- двоглав мускул на бутот (латински: m. biceps femoris) составен е од две глави кои тргнуваат од карличната коска и иверот, а завршуваат со заедничка тетива на главата од фибулата.
Зглобови
уредиЗглобовите го поврзуваат скелетот на карлицата со бутот и меѓу себе коските од скелетот на слободниот дел од ногата:
- зглоб на колкот (латински: articulatio coxae) го поврзува ацетабулумот од карличната коска со главата од бутната коска. Спаѓа во топчести зглобови и во него се вршат сите движења на ногата;
- зглоб на коленото (латински: articulatio genus) ги спојува кондилите од иверот со кондилите од големата писка, напред е патела, а меѓу зглобните површини се вметнати латерален и медијален менискус, во зглобот се вршат движења на флексија, екстензија и делумна ротација.
Галерија
уреди-
Позиција на иверот (црвен дел).
-
Позиција на иверот во карлицата.
-
Облик на иверот.
-
Внатрешен и надворешен изглед на иверот.
-
Приказ на главата, вратот и двете џумки на иверот (предна страна).
-
Приказ на двата кондила на иверот.
-
Скршеница на вратот од иверот.
-
Задна страна на иверот.
Надворешни врски
уредиОваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |