Слабински прешлени
Слабинските прешлени (латински: vertebrae lumbales) го сочинуваат слабинскиот ’рбет, кај човекот се пет и се наоѓаат на ’рбетниот столб под градните прешлени и над крстните прешлени. Слабинските прешлени се означуваат: L1, L2, L3, L4 и L5.
Слабински прешлени | |
---|---|
![]() Позиција на слабинските пршлени ( црвен дел). Се состојат од пет коски, од горе надолу, L1, L2, L3, L4 и L5. | |
![]() Типичен слабински прешлен | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | vertebrae lumbales |
TA | A02.2.04.001 |
FMA | FMA:72065 |
ДеловиУреди
Кај слабинските прешлени се разликуваат:
- тело (corpus vertebrae), телото од слабинските прешлени е пошироко и поголемо за разлика од другите тела на другите прешлени кои се помали;
- прешленски лакови (arcus vertebrae), прешленскитe лакови се многу цврсти и силни и од нив продолжуваат израстоците;
- прешленски отвор (foramen vertebrale);
- горни зглобни израстоци (processus articulares superiores);
- долни зглобни израстоци (processus articulares inferiores);
- напречни израстоци (processus transversus), напречните израстоци се долги и со триаголна форма;
- ’ртен израсток (processus spinosus).
ОсобеностиУреди
Карактеристики на првиот и петтиот слабински прешлен:
- Првиот слабински прешлен (L1) се изедначува со предниот крај на деветтото ребро;
- Петтиот слабински прешлен (L5) е карактеристичен со своето тело така што е подлабоко издадено во карличната празнина и заедно со крсната коска формираат испакнатост (латински: promontorium).
ЗглобовиУреди
- Зглобовите меѓу зглобните израстоци на прешлените, се рамни зглобови и се врши само лизгање.
- Зглобовите меѓу пешленските тела, ги спојуваат телата со помош на меѓупрешленски плочи (латински: discus intervertebralis), коишто се зајакнати со помош на два надолжни лигаменти: преден и заден.
- Движењата зависат од еластичноста на ’рбетниот столб и од неговата извежбаност.
ГалеријаУреди
Надворешни врскиУреди
Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |