Disraeli Gears е вториот албум на британската супер група „Cream“. Издаден е во ноември 1967[1] и го достигна #5 британскиот список на албуми (UK Albums Chart)[7]. Албумот беше и пробивање на американскиот пазар, масовно купуван во 1968 го достигна четвртото место на американските листи.[8] Албумот ги вклучува и двата сингла „Strange Brew“ и „Sunshine of Your Love“.
Мастерот на оригиналниот албум од 11 песни бил преработен во 1998 и потоа, во 2004, бил издаден на два диска, „Deluxe Edition“.
Во 2003 година, албумот беше рангиран на 112 место во списокот на „500 Најдобри Албуми на Сите Времиња“ („500 Greatest Albums of All Time“) на магазинот „Rolling Stone“.[9] Телевизиската програма „VH1“ исто така го рангираше овој албум на нивниот список на најдобри албуми на сите времиња во 2001 со тоа што го поставија на 87 место.
Албумот е снимен во „Atlantic Studios“ во Њујорк во текот на мај 1967. Сесиите беа направени од идниот басист на „Mountain“ – Феликс Папаларди, кој исто така учествуваше и во пишувањето на песните „Strange Brew“ и „World of Pain“ со Геил Колинс, кои потоа беа изработени од инженерот Том Дод кој подоцна ќе работи со Клептон на проектите „Layla and Other Assorted Love Songs“ и „461 Ocean Boulevard“.
Мастерот на оригиналниот албум од 11 песни бил преработен од Џосеф М.Палмачио во „PolyGram Studios“ за издавањето во 1998.[10][11][12]
„Disraeli Gears Deluxe Edition“ ги вклучува и моно и стерео снимките на албумот, демоата, алтернативните изработки и траки земени од изведбата во живо на бендот на радиото „BBC“.Вклучени се отфрлените делови од „Blue Condition“ на Ерик Клептон како водечки вокал и демоата на песните „Weird of Hermiston“ и „The Clearout“ кои не беа издадени сè до првиот соло албум на Џек Брус, „Songs for a Tailor“.
↑ 1,01,11,21,3(1967) Album notes for „Disraeli Gears“ by Cream, p. 2 [Компакт диск]. САД: „Polydor Records“ (31453 1811-2).Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „notes“ е зададен повеќепати со различна содржина.
↑"First US show for Cream and The Who that most fans don't know about." Songheads. http://songheads.com/?p=93Архивирано на 16 јули 2011 г. 1 август 2009.