Полутврдокрилци

ред инсекти

Полутврдокрилци (Hemiptera) се ред на инсекти кои опфаќаат околу 50.000 до 80.000 видови[1] на групи како што се цикади, лисни вошки, Planthoppers, Leafhoppers, стеници и Pentatomoidea. Тие се со големина од 1 милиметар до околу 15 сантиметри, и имаат ист или сличен устен апарат.[2]

Повеќето полутврдокрилци се хранат со растенија, цицајќи го сокот од растенија. Некои се хематофаги, додека други се месојадни кои се хранат со други инсекти или мали без'рбетници. Тие живеат во широк спектар на живеалишта, генерално на копно, иако некои видови се прилагодени на животот во или на површината на свежа вода. Полутврдокрилците имаат хемиметаболизам, со млади нимфи кои некако личат на возрасните. Многу видови на лисните вошки се способни за партеногенеза, создавајќи млади од неплодени јајца, што им помага да се размножуваат исклучително брзо во поволни услови.

Луѓето се во контакт со полутврдокрилците со милениуми. Некои видови, вклучувајќи ги и лисните вошки, се значајни земјоделски штетници, кои прават штета на земјоделските култури со директно цицање сок, но исто така им штетат индиректно со тоа што се преносители на сериозни вирусни заболувања. Стениците се постојан паразит кај луѓето, а некои полутврдокрилци од семејството Triatominae можат да ја пренесат Шагасовата болест. Цикадите се користеле како храна и се споменати во Илијада во Стара Грција.

Наводи

уреди
  1. Jon Martin; Mick Webb. „Hemiptera...It's a Bug's Life“ (PDF). Natural History Museum. Посетено на July 26, 2010.
  2. „Hemiptera: bugs, aphids and cicadas“. Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation. Архивирано од изворникот на 2013-07-09. Посетено на May 8, 2007.

Надворешни врски

уреди