Chumbawamba (македонски изговор: Чамбавамба) ― британска рок-група. Групата била основана во Барнли во 1982 година, а во првата постава биле: Алан „Боф“ Вели, Денберт Нобакон (роден Најџел Хантер), Миџ и Томи, сите четворица претходно биле членови на групата Chimp Eats Banana, набргу потоа ним им се придружил Лу Вотс.

Chumbawamba
На Рудолштад фестивалот, Тиринген, во 2012
Животописни податоци
Познат(а) и какоSkin Disease, Antidote (со The Ex), Scab Aid
ПотеклоБарнли, Ланкашир, и Лидс, Западен Јоркшир, Англија
Жанрови
Период на активност1982–2012
Издавачи
СоработнициThe Donkeys
Мреж. местоchumba.com

Chumbawamba потпишале со ЕМИ во Европа во 1997 година, потег што многу нивни обожаватели го сметале за спорен. Во 1989 биле дел од ЛП-компилацијата со наслов Fuck EMI и го критикувале издавачот во многу нивни претходни песни.

Најпознати се по нивната песна од 1997 година „Tubthumping“, која на Британските музички награди била предложена за најдобра британска песна. Други нивни познати песни се „Amnesia“, „Enough Is Enough“ (со MC Fusion), „Timebomb“, „Top of the World (Olé, Olé, Olé)“ и „Add Me“. Групата најчесто пеела панк-рок, поп- и фолк-песни. Поради нивните анархо-комунистички политички склоности имале презир кон авторитетот и се залагале за разновидни политички и општествени каузи, како права на животните и пацифизам (на почетокот од нивната кариера), а подоцна и за класна борба, марксизам, феминизам, геј-слободи, поп-култура и антифашизам.

Во јули 2012 година, Чумбавамба објавиле дека се разделуваат по 30 години.[1] Во периодот од 31 октомври до 3 ноември поранешните членови од групата и нивните соработници ги одржале своите последни 3 концерти, а еден од нив бил снимен и бил објавен како ДВД во живо.

Музички стил

уреди

Chumbawamba пеела и свирела различни жанрови, како, анархо-панк,[2] [3] [4] поп,[4] [5] фолк,[6] [7] светска музика [6] денс, [5] [2] алтернативен рок.[8] [9] поп рок,[10] електронска музика,[2] рок,[5] и а капела.[6]

Членови

уреди
 
Групата во 2007 г
  • Боф Вали – вокал, гитара, кларинет (1982–2012)
  • Денберт Нобакон – вокал, ритам гитара, бенџо, укулеле, клавијатури (1982–2004, 2012)
  • Лу Вотс – вокал, ритам гитара, клавијатури (1982–2012)
  • Данстан Брус – вокал, перкусии, гитара, грамофони, саксофон (1982–2004, 2012)
  • Алис Наттер – вокал, перкусии (1982–2004, 2012)
  • Хари „Даз“ Хамер – тапани, перкусии, гитара, програмирање, вокал (1982–2004, 2012)
  • Мејвис „Мејв“ Дилон – труба, француска хорна, бас, вокал (1984–1995)
  • Пол Греко – бас, хармоника (1992–1999, 2012)
  • Џуд Абот – вокал, флејта, труба, флугелхорн (1996–2012)
  • Нил Фергусон – вокал, гитара, бас, клавијатури (1999–2012)
  • Фил Муди – хармоника, вокал (2007–2012)

Дискографија

уреди
  • Pictures of Starving Children Sell Records (1986)
  • Never Mind the Ballots (1987)
  • English Rebel Songs 1381-1914 (1988)
  • Slap! (1990)
  • Shhh (1992)
  • Anarchy (1994)
  • Swingin' with Raymond (1995)
  • Tubthumper (1997)
  • WYSIWYG (2000)
  • Readymades (2002)
  • Revengers Tragedy Soundtrack (2003)
  • English Rebel Songs 1381-1984 (2003)
  • Un (2004)
  • A Singsong and a Scrap (2005)
  • The Boy Bands Have Won (2008)
  • ABCDEFG (2010)
  • Анархизмот и уметноста
  • Бил Смит (падна тркач) за „Stud Marks on the Summit“ од Чумбавамба
  • Панк идеологија
  • Права на животните и панк субкултура

Наводи

уреди
  1. „Chumbawamba“. Chumba.com. Архивирано од изворникот на 28 February 2014. Посетено на 17 April 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Chumbawamba (1982–2012)“. Punknews. Посетено на 25 March 2021.
  3. „Chumbawamba – Biography & History – AllMusic“. AllMusic. Посетено на 16 September 2018.
  4. 4,0 4,1 Sherman, Maria (11 August 2017). „Chumbawamba on the unlikely, anarchic legacy of "Tubthumping," 20 years later“. Music.avclub.com. Архивирано од изворникот на 2020-11-03. Посетено на 16 September 2018.
  5. 5,0 5,1 5,2 Pareles, Jon (22 December 1997). „Pop Review; Yeah, Angry All Right, But Slick And Perky“. New York Times. Посетено на 25 March 2021.
  6. 6,0 6,1 6,2 Moss, Chris. „Review of Chumbawamba“. BBC. Посетено на 25 March 2021.
  7. „Chumbawamba: They got knocked down...“. Independent.co.uk. 11 March 2008. Посетено на 16 September 2018.
  8. „Tubthumping Singer Dunstan Bruce of Chumbawamba 'MEMBA HIM?!“. TMZ. 15 May 2019. Посетено на 25 March 2021.
  9. Case, Wesley (9 July 2012). „Chumbawamba Announce Break Up After A 30-Year Music Career“. Businessinsider.com. Посетено на 10 February 2018.
  10. Hiatt, Brian. „Lou Reed, Chumbawamba Head Up New Releases“. Mtv.com. Архивирано од изворникот на 2020-11-11. Посетено на 15 December 2018.

Надворешни врски

уреди