Казино Ројал (филм)

(Пренасочено од Casino Royale)

Казино Ројал (англиски: Casino Royale) — британско-американски филм од 2006 година, за тајниот агент Џејмс Бонд, во режија на Мартин Кембел (Martin Campbell). Главните улоги ги толкуваат: Даниел Крег (Daniel Craig), Ева Грин (Eva Green), Мадс Микелсен (Mads Nikkelsen), Џефри Рајт и Џуди Денч (Judi Dench). Филмот трае 130 минути. Овој филм е дел од циклусот посветен на тајниот агент Џејмс Бонд. Филмот имал 29 номинации, а освоил 17 награди, меѓу кои и награда на БАФТА. Ова е првиот филм во кој улогата на агентот 007 ја игра британскиот глумец Даниел Крег.[1]

Крег со Мајкл Г. Вилсон во Венеција за време на снимањето

Содржина

уреди

Бонд заминува на тајна задача на Мадагаскар во потрога по еден озлогласен терорист. Но, работите не се движат според планот, па тој решава да спроведе своја истрага, независно од МИ6 и да ги следи терористите до нивното засолниште. Тајната служба дознава дека меѓународниот криминалец и противник на Бонд во покер, Ле Шифр, кој се занимава со перење пари, сака да извлече голем сума пари од коцкарницата "Казино Ројал" во Црна Гора. Бонд треба да игра против него, под будното око на заводничката Веспер Линд.[1][2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Антена, број 819, 7.3.2014, стр. 11.
  2. Антена, број 840, 1.8.2014, стр. 3.