Каранфиловидни

(Пренасочено од Caryophyllales)
Каранфиловидни
Градинарски каранфил
(Dianthus caryophyllus)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Јадрени евдикоти
Ред: Каранфиловидни
Perleb
Подредови

Caryophyllineae
Polygonineae

Синоними

Centrospermae

Каранфиловидни ((научCaryophyllales)) — ред на цветни растенија каде спаѓаат кактусите, каранфили, штировите, ледениците и најразлични месојадни растенија. Многу растенија од родот се сочници, со месести стебла или листови.

Опис

уреди

Во каранфиловидните влегуваат 6% од сите дикотиледонски видови.[1] Редот им припаѓа на јадрените евдикоти[2] и содржи 33 семејства, 692 рода и 11.155 видови.[3] За монофилијата на каранфиловидните сведочат нуклеотидните низи, податоците од низите на цитохром c и наследните особености како развојот на ѕидовите на прашникот и проводните елементи со прости дупчиња. [4]

Систематика

уреди

Според системот APG II (2003), во овој ред спаѓаат мошне застапени растенија како кактусите, каранфилите, спанаќот, цвеклото, ревенот, росилките, венерините муволовки и бугенвилејата. Неодамнешните молекуларни и биохемиски наоди утврдуваат дополнителни кладови во рамките на родот.

  • ред Caryophyllales

Наводи

уреди
  1. Каранфиловидни - MOBOT (англиски)
  2. Judd. W., Campbell, C., Kellog, E., Stevens, P. & M. Donoghue. (2008). Plant Systematics: A Phylogenetic Approach, Third Edition. Sinauer Associates, Inc. Sunderland, MA
  3. П.Ф. Стивенс (2001). Филогенија на скриеносемениците. Верзија 8, јуни 2007 (англиски)
  4. Juan et al. (2007). Electrophoretic characterization of Amaranthus L. seed proteins and its systematic implication. Botanical Journal of the Linnean Society 155: 57-63.

Надворешни врски

уреди