Каранфили

(Пренасочено од Caryophyllaceae)

Каранфилите (науч. Caryophyllaceae) е фамилија на цветни растенија што опфаќа дикотиледони, дел од редот Caryophyllales. Ова е голема фамилија, со 88 родови и околу 2.000 видови.

Особености

уреди

Сите кариофилиди (освен оваа фамилија и фамилијата Molluginaceae) произведуваат црвеникав беталаински пигменти. Каранфилоцветните произведуваат антоцијанин како свој црвеникав пигмент. Вистински венечни ливчиња отсуствуваат. Надворешниот круг од прашниците е венчевиден и канџест.

Морфологија

уреди

Цветовите се актиноморфни (ретко зигомоефни) и хермафродитни (ретко еднополови) и се групираат во цимозни соцветија. Понекогаш се присутни прицветници. Плодниците се натцветни (ретко потцветни), со слободна централна или базална плацентација. Плодот е во вид на локулицидна кутијка или утрикула. Семињата поседуваат извиткан ембрион. Ендосперм отсуствува и е заменет со перисперм.

Каранфилите растенија се годишни или повеќегодишни тревести растенија со нодиуми (коленца), грмушки или лијани. Листовите се прости, целокрајни и наспрамни, често со споени основи. Прилисниците се тенки и суви или, пак, отсуствуваат. Овие растенија имаат космополитско распространување, најчесто во топлата умерена северна полутопка. Често се одгледуваат како градинарски и украсни растенија.

Родови

уреди