Едногрба камила

вид камила
(Пренасочено од Camelus dromedarius)
Едногрба камила

Едногрба камила (научCamelus dromedarius), наречена и дромедар[2] или арапска камила — вид цицач од семејството на камилите (Camelidae).

Едногрба камила
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Камили
Род: Камила
Вид: Едногрба камила
Научен назив
Camelus dromedarius
Linnaeus, 1758
Распространетост на едногрбата камила
Синоними[1]
Камили на пазар во Бејт ел-Факих, Јемен

Камилата прв ја опишал Аристотел, а биномниот (научен) назив ѝ го дал Карл Лине во Систем на природата (1758). Најрани предци на овие животни се членовите на изумрениот род Protylopus од еоценот. Мажјаците се високи 1,8–2 м и тешки 400–600 кг, додека пак женките се високи 1,7–1,9 м и тежат 300-540 кг. По боја се движат од светла до темна кафеава. Забележливата грпка е висока 20 см и составена од масти сврзани со влакнесто ткиво.

Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[3]

Физиономија

уреди

Телото на повеќе начини им е приспособено на животтот во пустински услови. За да се заштитат од песочните бури, на лицето имаат густи веѓи, два реда долги трепки и ноздри што се затвораат. Во ушите имаат заштитни влакна, од истите причини.[4] Кога немаат пристап до вода, проблемот го решаваат со промена на телесната температура во износ од 6 °C, и тоа 34° наутро до 40° напладне. Со ова, камилите го намалуваат дотекот на топлина од околината, а со тоа и потењето. Бубрезезите им се исто така прилагодени на условите, и можат да поднесат загуба на вода во количество дури 30% од телесната маса (за споредба, губитокот на 15% кај другите животни доведува до смрт).[5] Се парат зиме, кога е влажната сезона. Бременоста трае 15 месеци и се раѓа едно младо, кое мајката го дои 2 години.

Исхрана и поведение

уреди

Се хранат со лисје и пустинска растителност како трнливите растенија, на кои устата има голема отпорност. Активни се дење, а на квечерина се одмораат во групи. Стадото се состои од околу 20 единки, предводено од „началник“ и меѓусебно општат со низа разни огласувања. Некои мажјаци образуваат „ергенски“ групи. Не покажуваат знаци на територијалност, а стадата се здружуваат заедно кога се во неволја. Во дивината, непријатели на камилата се волкот и лавот, а во минатото — и тигарот.

Потекло и застапеност

уреди

Местото на потекло на едногрбата камила не е сосема утврдено, но се смета дека првпат е припитомена во Сомалија и на Арапски Полуостров пред околу 4000 години.[6] Домашните камили се застапени ширум Африканскиот Рог, Северна Африка, Јужна Азија и Блискиот Исток и вкупно бројат 13 милиони грла. Човекот ја користи како товарно животно и за превоз во услови каде другите животни не можат да опстанат. Влакното на камилите е многу ценето за ткаенини, а изметот наоѓа примена како ѓубриво и гориво.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M (уред.) (уред.). Mammal Species of the World (III. изд.). Baltimore: Johns Hopkins University Press. стр. 646. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  2. „дромедар“ — Лексикон на македонскиот јазик
  3. „Еногрба камила“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-04. Посетено на 21 септември 2015.
  4. http://enchantedlearning.com
  5. http://www.science.smith/edu[мртва врска]
  6. Richard, Suzanne (2003). Near Eastern Archaeology: A Reader. Eisenbrauns. стр. 120. ISBN 9781575060835.

Надворешни врски

уреди