Blu-ray диск

(Пренасочено од Blueray диск)

Блу-реј диск (македонски: синозрачен диск) — оптички диск што користи син ласер како технологија за запишување и читање на податоците. Овие дискови имаат иста физичка големина како CD- и DVD-дисковите, но многу поголем податочен капацитет.

Blu-ray диск
Опачината на еден Blu-ray диск
Тип на носачВисокогустински оптички диск
КодирањеMPEG-2, H.264/MPEG-4 AVC и VC-1
Капацитет25 до 50 GB (еднослоен)
50 до 100 GB (двослоен)
Големина по блок64kb ECC
Записен механизам405 nm ласер:
1× @ 36 Mbit/сек (4.5 MByte/сек)
2× @ 72 Mbit/сек (9 MByte/сек)
4× @ 144 Mbit/сек (18 MByte/сек)
6× @ 216 Mbit/сек[1] (27 MByte/сек)
8× @ 288 Mbit/сек (36 MByte/сек)
10× @ 360 Mbit/сек (45 MByte/сек)
12× @ 432 Mbit/сек (54 MByte/сек)
ИзумителЗдружение за Blu-ray дискови[2]
НаменаСкладирање податоци
1080p Високодефинирано видео
Високодефинирано аудио
стереоскопски 3Д
Идни можности:
QFHD
2160p
UHD

Овие дискови имаат способност да зачуваат неколку десетици гигабајти меморија, и започнаа масовно да се употребуваат кај филмските компании и се предвидуваат како идна генерација на оптички дискови.

Историја

уреди

Веќе во 1998 година почна да се развива HDTV (Телевизија со висока резолуција) па веќе ДВД дисковите не можеа да ги соберат ваквите филмови, па се јави потребата од оптички дискови со поголема меморија.

Пронаоѓањето на диодите со син ласер своевремено беше сензација и започна трка за нивното регистрирање и користење.

Тогаш медиумската куќа Сони започна два проекти за создавање на дискови со голема меморија од кои дисковите на основа на син ласер се покажаа како вистински погодок (овој проект беше во соработка со Пионир), па другиот проект беше своевремено напуштен.

Веќе во 2000 година се направени првите прототипи на овој диск но бидејќи податоците на овие дискови се сместуваат многу блиску до површината првите прототипи беа неуспешни и подложни на гребења и оштетувања. Веќе во 2003 беа направени добри верзии на дискот а на јапонскиот пазар се најдоа и првите уреди за читање на дискот. Меѓутоа сепак имаше уште многу да се работи, особено на полето на заштита на содржината од копирање што беше посебно барање на холивудските студија. Веќе во 2006 беа задоволени главните услови за пуштање во масовно производство на овој диск

Битка со HD-DVD дискот

уреди

Покрај Сони кој се здружи со неколку компании нудејќи го идејното решение за нови дискови на основа на син ласер со решение за поголеми оптички дискови излезе и Тошиба формирајќи друг табор кој како идејно решени го нудеше HD-DVD дискот. Во почетокот двете спротивставени страни седнаа на маса за да пронајдат заедничко идејно решение, но бидејќи двете страни мислеа дека нивното решение е подобро а воедно водени од желбата за поголем профит тие решија да водат пазарна битка за својот производ.

Додека HD-DVD имаше супериорен старт, Blu-ray дисковите прилично заостануваа. Меѓутоа таборот на Сони направи добар маркетиншки потег пуштајќи ги новите Плејстејшн 3 кои истовремено функционираа и како медиуми за читање на Blu-ray дискови. Па пробивајќи се и со подобрата маркетиншка кампања а и подобрите услови кои им ги нудеа на холивудските студија, Blu-ray дисковите ги натпродадоа HD-DVD дисковите поради што Тошиба и другите сојузнички компании се повлекоа од битката а Blu-ray дисковите како победници продолжуваат да се развиваат зголемувајќи го својот пазар и остварувајќи ја нивната главна цел - да го заменат ДВД дискот.

Технички информации

уреди
Физичка големина Меморија на еднослоен диск Меморија на двослоен диск
12 cm, еднослоен 25 GB (23.28 GiB) 50 GB (46.56 GiB)
 8 cm, еднослоен 7.8 GB (7.26 GiB) 15.6 GB (14.53 GiB)

Blu-ray дисковите работаат на основа на син ласер кој работи на бранова должина од 405 nm. Обичните ДВД и ЦД дискови работаат на основа на инфрацрвени ласери при бранови должини од 650 nm и 750 nm соодветно.

Најголемиот проблем на почетокот на Blu-ray дисковите беше блиското запишување и читање на податоците до површината на дискот(околу 1mm од површината) поради што беа многу чести оштетувањата и гребаниците. Но тој проблем набрзо беше решен и тоа прво од ТДК нарекувајќи го Дурабис која направи полимер за заштита на дискот, а подоцна и другите компании направија свои полимери за заштита.

Брзина на запишување

уреди
Брзина на уредот Брзина на податоците Време на запишување на Bluray диск (минути)
Mbit/s MB/s Еднослоен диск Двослоен диск
36 4.5 90 180
72 9 45 90
144 18 23 45
216 27 15 30
288 36 12 23
12×* 432 54 8 15

Брзините се теоретски

Регионални кодови и ограничувања

уреди
 
Поделбата на регионите:

Регионалните кодови и ограничувања се вметнати слично кај ДВД дискот со цел големите филмски компании да го контролираат пуштањето на пазарот на своите производи. Можно е производство на дискови без регионални ограничувања кои ќе работаат во секоја локација на светот.

Светот е поделен на три дела и има три регионални кодови. Првиот А код ја опфаќа цела Северна Америка, делови од Југоисточна Азија (Јапонија,Кореја,Малезија) и Бермуди. Овој код е создаден претежно за американскиот пазар каде студијата ги пуштаат најрано своите производи. потоа следуваат кодот Б кој ја опфаќа Европа,Азија,Австралија и Средниот Исток. На крај е кодот В кој го опфаќа преостанатиот дел од Азија.

Значи доколку купите Blu-ray дискови кои имаат кодовни ограничувања може да ги читате само во вашиот регионален код. ВО другите кодови не можете да ги прочитате тие дискови. Се разбира произведувачите нудат можности за промена на кодот, но дозволена е промена само ограничен број пати.

Тековни испитувања и подобрувања

уреди

Иако целта е исполнета овие дискови сѐ уште имаат можност за надоградби, па затоа нивните испитувања и подобрувања не прекинуваат. Веќе ТДК го најави 4-слојниот Blu-ray диск со капацитет од 100GB. Па за приказната да е поинтересна најавија производство на диск со капацитет од 200GB.

Исто така зад затворени врати тајванската компанија Ритек изјави дека успешно направиле 10-слоен Blu-ray диск со капацитет од 250GB. Но сепак напоменаа дека останува главниот проблем а тоа дека моменталната технологија не поддржува пишење и читање на повеќе од два слоја.

Во Јануари,2007 Хитачи излезе со 4-слоен диск(100GB) за кој тврди дека го поддржува и го чита моменталната технологија.

А во секое време се очекува договор за користење на Blu-ray технологијата без потреба од секоја фирма да развива таква технологија.

Варијанти на дисковите

уреди
 
Изглед на 12-инчен диск

Моментално можни се две варијанти на дисковите и тоа 12-сантиметарски (големина како обични ЦД или ДВД дискови) и мини 8-сантиметарски дискови (кои имаат помала меморија но сепак доволно за некои потреби)

Наводи

уреди
  1. „Во Кореја излезе LG 6× Blu-ray режач“. CDRinfo.com. (англиски)
  2. http://www.blu-ray.com/faq/#bluray_developers