Acoelomorpha
Acoelomorpha | |
---|---|
Единки на Waminoa sp. како лазат по коралот Plerogyra sp.. | |
Научна класификација | |
Домен: | Еукариоти |
Царство: | Животни |
Колено: | Xenacoelomorpha |
Потколено: | Acoelomorpha Елерс, 1985 |
Класи | |
Acoelomorpha — потколено на многу едноставни и мали животни слични на планула кои живеат претежно во морски средини. Тие обично живеат помеѓу зрната на седименти, пливаат како планктон, или лазат по други организми, како што се алги и корали.[1] Со исклучок на два слатководни вида на ацели, сите познати Acoelomorpha се морски организми.[2]
Класификација
уредиТрадиционално, врз основа на морфолошки особини, Acoelomorpha биле класифицирани во коленото Platyhelminthes (сплескани црви), кое, во тоа време, било сметано за сестринска група на сите други колена на двострани животни.[3] Сепак, серија на молекуларни студии од крајот на XX век покажале дека Acoelomorpha припаѓаат на посебно животинско колено, кое најверојатно е базалното колено на двострани животни и малку поразвиено од жаркарите.[4][5][6]
Вистинската позиција на Xenacoelomorpha во филогенетското дрво на животинските организми сѐ уште не била точно одредена, а некои резултати укажувале на тоа дека тие припаѓаат на второусните (Второусни). Сепак, реанализите и зголемувањето на обемот на таксонски и генски примероци во филогеномските анализи покажале, со добра поддршка, дека вистинското место на Xenacoelomorpha е како сестринска група на Бубрежни (протостоми и деутеростоми).[7][8][9]
Ацелите поседуваат статоцист, кој им помага да се ориентираат во гравитациското поле. Поради нивните меки тела, тие се тешки за класификација.[10]
Анатомија
уредиВо многу аспекти Acoelomorpha наликуваат на сплесканите црви, но тие имаат многу поедноставна анатомија. Исто како сплесканите црви, тие немаат циркулаторен, ниту респираторен систем, но, за разлика од нив, Acoelomorpha немаат ниту екскреторен систем. Кај нив, исто така, недостасуваат телесни празнини (ацеломатна структура), црево и анус.[1]
Епидермалните клетки на Acoelomorpha не се способни за делба, особина што ја споделуваат со класата Rhabditophora на сплесканите црви, и која одредено време се сметала за силен доказ дека Acoelomorpha припаѓаат на сплесканите црви. И кај двете групи на животни епидермисот се обновува од мезодермални матични клетки.[11]
Нервниот систем на Acoelomorpha се состои од група на надолжни нервни снопови, кои се наоѓаат под трепчестиот епидермис. Во близина на предниот крај на телото, овие снопови се обединуваат со една прстенеста комисура, но не формираат вистински мозок, иако се претпоставува дека ваквата организација е претходник на цефализацијата на нервниот систем кај поразвиените двострани животни.[12] По обезглавување на животното, ваквиот примитивен „мозок“ (поточно кажано, цереброиден ганглион) потполно се регенерира за период од неколку недели.[13]
Сетилните органи ги вклучуваат статоцистот, и, во некои случаи, многу примитивни оцели, кои служат за детекција на светлина.[14]
Acoelomorpha се хермафродити, но немаат гонади или канали поврзани со женскиот репродуктивен систем. Наместо тоа, гаметите ги создаваат мезенхималните клетки, кои го исполнуваат делот од телото помеѓу епидермисот и дигестивната вакуола.[14]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Cannon, L. R. G. (1986) Turbellaria of the World. A guide to families and genera. Brisbane, Queensland Museum, 136 p.
- ↑ Harzsch, Steffen; Purschke, Günter (2016-01-01). Structure and evolution of invertebrate nervous systems. Oxford University Press. стр. 56–61. ISBN 978-0-19-968220-1. OCLC 951605913.
- ↑ Conway-Morris, S.; George, J. D.; Gibson R.; Pllatt, H. M. (1985) The Origins and relationships of lower invertebrates. Oxford, Clarendon Press, 397.
- ↑ Baguñà, J.; Riutort, M. (2004). „Molecular phylogeny of the Platyhelminthes“. Canadian Journal of Zoology. 82 (2): 168–193. doi:10.1139/z03-214.
- ↑ Baguñà, Jaume; Riutort, Marta (2004). „The dawn of bilaterian animals: the case of acoelomorph flatworms“. BioEssays. 26 (10): 1046–57. doi:10.1002/bies.20113. PMID 15382134.
- ↑ Ruiz-Trillo, Iñaki; Riutort, Marta; Fourcade, H. Matthew; Baguñà, Jaume; Boore, Jeffrey L. (2004). „Mitochondrial genome data support the basal position of Acoelomorpha and the polyphyly of the Platyhelminthes“. Molecular Phylogenetics and Evolution. 33 (2): 321–32. doi:10.1016/j.ympev.2004.06.002. PMID 15336667.
- ↑ Edgecombe, G. D.; Giribet, G.; Dunn, C. W.; Hejnol, A.; Kristensen, R. M.; Neves, R. C.; Rouse, G. W.; Worsaae, K.; Sørensen, M. V. (2011). „Higher-level metazoan relationships: Recent progress and remaining questions“. Organisms Diversity & Evolution. 11 (2): 151–172. doi:10.1007/s13127-011-0044-4.
- ↑ Srivastava, M.; Mazza-Curll, K. L.; Van Wolfswinkel, J. C.; Reddien, P. W. (2014). „Whole-Body Acoel Regeneration is Controlled by Wnt and Bmp-Admp Signaling“. Current Biology. 24 (10): 1107–13. doi:10.1016/j.cub.2014.03.042. PMID 24768051.
- ↑ Cannon, Johanna Taylor; Vellutini, Bruno Cossermelli; Smith, Julian; Ronquist, Fredrik; Jondelius, Ulf; Hejnol, Andreas (2016). „Xenacoelomorpha is the sister group to Бубрежни“. Nature. 530 (7588): 89–93. doi:10.1038/nature16520. PMID 26842059.
- ↑ Petrov, A.; Hooge, M.; Tyler, S. (2006). „Comparative morphology of the bursal nozzles in acoels (Acoela, Acoelomorpha)“. Journal of Morphology. 267 (5): 634–648. doi:10.1002/jmor.10428. PMID 16485278.
- ↑ Michalak, Pawel; Egger, Bernhard; Steinke, Dirk; Tarui, Hiroshi; De Mulder, Katrien; Arendt, Detlev; Borgonie, Gaëtan; Funayama, Noriko; Gschwentner, Robert (2009). „To Be or Not to Be a Flatworm: The Acoel Controversy“. PLoS ONE. 4 (5): e5502. doi:10.1371/journal.pone.0005502. PMC 2676513. PMID 19430533.
- ↑ Perea-Atienza, E.; Gavilan, B.; Chiodin, M.; Abril, J. F.; Hoff, K. J.; Poustka, A. J.; Martinez, P. (2015). „The nervous system of Xenacoelomorpha: a genomic perspective“. Journal of Experimental Biology. 218 (4): 618–28. doi:10.1242/jeb.110379. PMID 25696825.
- ↑ Sprecher, Simon G.; & al. (2015). „Functional brain regeneration in the acoel worm Symsagittifera roscoffensis“. Biology Open. 4 (12): 1688–1695. doi:10.1242/bio.014266. PMC 4736034. PMID 26581588.
- ↑ 14,0 14,1 Barnes, Robert D. (1982). Invertebrate Zoology. Philadelphia, PA: Holt-Saunders International. стр. 229. ISBN 978-0-03-056747-6.
Надворешни врски
уреди- Филогенија на примитивни црви од мејофауната (Acoelomorpha) (англиски)
- Acoelomorpha: филогенетска главоболка - статија на Питер Бол во списанието Earthling Nature (англиски)