60. јужен напоредник
60. јужен напоредник ― напоредник што е 60 степени јужно од Земјината екваторска рамнина. Ниту една земја не лежи на напоредникот односно тој не поминува ништо друго освен океаните. Најблиското копно е група карпи северно од островот Коронејшн (Крунисување) (Мелсонови Карпи или Гувернерски Острови) на Јужните Оркниски Острови, кои се на околу 54 километри јужно од напоредникот, и островот Туле и Куковиот Остров на Јужните Сендвички Острови, кои обете се околу 57 км северно од напоредникот (со Куковиот Остров малку поблиску).[1]
Напоредникот ја означува северната граница на Јужниот Океан (иако некои организации и земји, особено Австралија, имаат други дефиниции) и на Антарктичкиот договор. Ја означува и јужната граница на зоната без нуклеарно оружје во Јужен Тихи Океан и зоната без нуклеарно оружје во Латинска Америка.
На оваа географска ширина Сонцето е видливо 18 часа, 52 минути за време на декемвриската долгодневница и 5 часа и 52 минути за време на јунската краткодневница. На 21 декември Сонцето е на 53,83 степени на небото и 6,17 степени на 21 јуни.
Географските широчини јужно од овој напоредник често се нарекувани „Врискачки 60-ки“ поради преовладувачките западни ветрови со голема брзина кои можат да створат големи бранови над 15 м и максимална брзина на ветер над 145 км/ч.[2]
Максималната надморска височина на Сонцето е > 15,00º во април и > 8,00º во мај.
Најниската географска широчина каде што може да се забележат белите ноќи е приближно на овој напоредник.
Места
уредиПочнувајќи од главниот меридијан и упатувајќи се кон исток, 60° јужен напоредник минува низ:
Координати Океан Забелешки 60°0′S 0°0′E / 60.000° ЈГШ; 0.000° ИГД Нулти меридијан 60°0′S 20°0′E / 60.000° ЈГШ; 20.000° ИГД границата на Атлантскиот и Индискиот Океан 60°0′S 147°0′E / 60.000° ЈГШ; 147.000° ИГД границата на Индискиот и Тихиот Океан Дополнително минува низ Тихиот Океан кај Дрејковиот Премин помеѓу Јужна Америка и Антарктичкиот Полуостров 60°0′S 67°16′W / 60.000° ЈГШ; 67.267° ЗГД границата на Тихиот и Атлантскиот Океан Минувајќи блиску до јужната граница на морето Скоша и Јужните Оркниски Острови, Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови ( Аргентина има претензии)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ (Map). Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Sinert, Richard. „The Furious 50s and Screaming 60s“. mydaywithbarkly. Посетено на 14 март 2023.