3 октомври (настани)
шаблон на Викимедија
1873 | Капетан Џек и другарите се обесени за нивното учество во војната Модок. |
1918 | Царот Борис III го презема бугарскиот престол |
1929 | Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е преименувано во Кралство Југославија, (Земја на Јужните Словени). |
1932 | Ирак добива независност од Британија. |
1943 | Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати Манифест до македонскиот народ во кој се изнесени основните прашања во врска со ослободителната борба на македонскиот народ, одликите на ослободителното движење, потребата за единство на македонскиот народ со сите националности во ослободителната борба. |
1954 | Во Лондон на конференцијата на девет западни земји е одлучено СР Германија да стане член на Северноатланскиот пакт. |
1995 | Врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров е извршен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот шофер Александар Спировски, а е повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. |
1995 | Франција, наспроти меѓународниот притисок против јадрени тестирања, изврши нова јадрена проба во јужниот Тихи Океан. |