16 август (настани)
шаблон на Викимедија
1896 | Во Јукон, северозападниот дел на Канада, откриено е злато кое поттикнало десетици илјади авантуристи да тргнат во потрага, во тнр. златна треска. |
1914 | Британскиот експедициски корпус се истовари во Франција. Со тоа, Велика Британија го почна активното учество во Првата светска војна. |
1930 | Уб Иверкс го прави првиот звучен цртан филм во боја, наречен Fiddlesticks (Бесмислици). |
1960 | Кипар стекнал независност од Велика Британија. |
1960 | Џозеф Китингер скокнал со падобран над Ново Мексико на висина од 31.330 метри, со што поставил три сѐ уште актуелни рекорди: највисок скок, најдолг слободен пад и најголема брзина на човек без летало. |
1977 | Елвис Присли, кралот на рокенролот (на сликата), починал од предозираност со дрога во својот дом во Грејсленд на 42 години. |