14 октомври (настани)
шаблон на Викимедија
1933 | Германија се повлекува од Друштвото на Народите. |
1944 | Германскиот окупатор изврши масовни убиства во 9 села во Штипско и Кочанско. Најмногу настрадале штипските села Крупиште, каде биле убиени 49 лица, и Горни Балван со убиени 26 лица, како и кочанското село Уларци со убиени 25 лица. |
1944 | Ослободена е Атина од страна на британската војска. |
1981 | Потпретседателот Хосни Мубарак е избран за претседател на Египет, една недела по убиството на претседателот Анвар Садат. |
1993 | Во Њујорк е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под уставното име. |
1994 | По Ирската републиканска армија и лојалистичките паравоени единици, објавија општ прекин на воените дејства, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата Северноирска граѓанска војна. |