13P/Олберс
13P/Олберс (меѓународно: 13P/Olbers) — периодична комета со орбитален период од 69 години. Таа одговара на класичната дефиниција на халиевиот тип на комета со (20 години < период <200 години).[6]
Откривање | |
---|---|
Откривач | Хајнрих Вилхелм Олберс |
Откриена | 6 март 1815 |
Други ознаки | 1815 E1; 1887 Q1; 1887 V; 1887f; 1956 A1; 1956 IV; 1956a |
Орбитални особености A | |
Епоха | 14 ноември 1956 (ЈД ?) |
Афел | 32.6351 ае |
Перихел | 1.18 ае[1] |
Голема полуоска | 16.9067774 ае[2] |
Занесеност | 0.93029715 |
Период | 69.5 a |
Наклон | 44.60989° |
Последен перихел | 19 јуни 1956[3] |
Следен перихел | 30 јуни 2024[3][4][5] |
Хајнрих Вилхелм Олберс (Бремен) ја открил кометата на 6 март 1815 година. Нејзината орбита за прв пат ја пресметал Карл Фридрих Гаус на 31 март, Фридрих Бесел пресметал орбитален период како 73 години, подоцна како 73,9 години, пресметките на други астрономи за време на таа ера резултирале од 72 до 77 години.[7]
Кометата последен пат била забележана во 1956 година. Следен пат ќе дојде на перихелот на 30 јуни 2024 година.[3] Кометата ќе биде најблиску до Земјата на 10 јануари 2094 година кога ќе помине на растојание од 0,756 ае.[7]
Постојат некои шпекулации[8] дека 13P/Олберс има поврзан метеорски дожд на Марс, кој доаѓа од правецот на Бета Големо Куче.
Наводи
уреди- ↑ F. Selsis, J. Brillet, M. Rapaport, Meteor showers of cometary origin in the Solar System: Revised predictions, Astronomy & Astrophysics, Vol. 416, pp. 783-789 (2004) doi:10.1051/0004-6361:20031724
- ↑ Sofie Spjuth, Search for Comet Ion Tail Encounters - prediction and data analysis (2005)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Seiichi Yoshida (31 јули 2004). „13P/Olbers“. Seiichi Yoshida's Comet Catalog. Посетено на 9 јануари 2020.
- ↑ ЦМП
- ↑ Yeomans, Donald K. „Horizon Online Ephemeris System“. California Institute of Technology, Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 9 јануари 2020.
- ↑ „JPL Small-Body Database Browser: 13P/Olbers“ (12 септември 1956 последна орбита). Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 9 јануари 2021.
- ↑ 7,0 7,1 Kronk, Gary W. (2001–2005). „13P/Olbers“. Посетено на 9 јануари 2021. (Cometography Home Page)
- ↑ „Meteor Showers And Their Parent Bodies“. Архивирано од изворникот на 3 октомври 2008. Посетено на 9 јануари 2021.
Надворешни врски
уреди- Орбитална симулација од JPL (Java) / Ephemeris
- 13P во кометографијата на Гери В. Кронк
- 13P кај кометите на Казуо Киношита
- 13P во каталогот на комети на Сеичи Јошида
Комети со бројни ознаки | ||
---|---|---|
Претходна 12P/Понс–Брукс |
13P/Олберс | Следна 14P/Волф |