Три точки
(Пренасочено од …)
Три точки (се пишуваат и бележат со …) — интерпункциски знак кој означува дека текстот е изоставен, ненаведен или недовршен.[1]
... | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Употреба
уредиТри точки се пишуваат:
- на крајот на незавршен исказ или во средината на реченицата ако се јавува прекин. Пред нив нема белина (празно место), односно се пишуваат веднаш зад последниот збор, а по нив има белина.
Примери: Не знае дека тука тешко се живее, не знае дека нема за леб, не знае… Ќе дојде, па ќе види.
Сите ќе слушнат за мојата радост… за успехот на мојот син.
- во незавршен исказ од прашални или извични реченици;
Пример: Ах!… Толку болка!… Ќе има ли сето ова крај?…
- за означување застој во говорот или при испрекинато зборување;
Примери: Да… токму така, денес е тој ден.
Зо… зо… зошто не ми кажа веднаш?
- при пренесување делови од разговор (телефонски, електронски) за обележување застој и подолга пауза во исказот;
пример: – Добар ден… се јавувам во врска со наградната игра.
- за означување прекин на натамошно набројување;
Пример:Македонија е земја на сонцето, планините, водите…
Во овој случај, наместо трите точки, може да употребиме зборови и кратенки, како: и така натаму (итн.), и слично (и сл.), и друго (и др.).
Наводи
уреди- ↑ „Три точмки (...)“. Македонски јазик и литература. Посетено на 30 ноември 2018.