Шуплевец (Суводол)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Шуплевец

Карта

Местоположба 41°3′54″N 21°32′4″E / 41.06500° СГШ; 21.53444° ИГД / 41.06500; 21.53444
Основни податоци
Место Суводол
Општина Новаци
Тип

 населба


Период бакарно време
Портал „Археологија“

Шуплевецархеолошко наоѓалиште во битолското село Суводол. Претставува населба од бакарно време. Се наоѓа на 2,5 км северно од селото, од левата страна на патот Битола-Маково, на издолжен рид со стрмни и тешко пристапни страни кои на северниот крај се издигаат благо кон ридот. Во 1958 и 1971 година се вршени сондажни (контролни) ископувања со кои е утврден културен слој со два хоризонта на живеење. Многубројниот археолошки материјал, особено керамичкиот, покажал дека се работи за остатоци од населба од бакарното време. Откривањето на населбата е големо дотолку што според неа, а и според населбата Бакарно Гумно во Прилепско, бакарното време во Пелагонија е издвоен како посебна културна група наречена Шуплевец-Бакарно Гумно. Ридот подолго време бил користен како каменолом со што населбата е целосно уништена. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069