Дибек (Суводол)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Дибек

Карта

Местоположба 41°3′54″N 21°32′4″E / 41.06500° СГШ; 21.53444° ИГД / 41.06500; 21.53444
Основни податоци
Место Суводол
Општина Новаци
Тип

 гробница


Период хеленистичко време
Портал „Археологија“

Дибекархеолошко наоѓалиште во битолското село Суводол. Претставува гробница од хеленистичко време. Се наоѓаат североисточно од селото, на мала височинка што доминира над просторот од некогашната античка населба во месноста Сланец. Во 1931 година Ф. Масеснел, вршејќи увид на откриената старохристијанска базилика во Сланец, го посетил и наоѓалиштето Дибек каде констатирал остатоци од влезови на две гробници издлабени во карпа. Едната, според неговите упатства, ја „исчистил“ селскиот учител, а резултатите подоцна ги објавил.[1]. Во 1991 година во организација на Заводот и музеј од Битола биле извршени нови истражувања на споменатите гробници, при што во непосредната близина била откриена уште една гробница. Заедничка одлика на гробниците е тоа што се издлабени во карпа, имаат иста организација (дромос, преткомора и засводена комора со влезови меѓу нив), приближно исти димензии, погребувања со кремирани покојници и потекнуваат од доцнохеленистичкото време (II век пред н.е.). Археолошки интактна е новооткриената гробница (бр. 1) во која се најдени биста на Афродита од теракота, облечена во тенок деколтиран фустан препашан под градите, која на главата има дијадема украсена со осум чашковидни цвета, и три добро зачувани керамички сада. Нејзината вкупна должина (дромос, преткомора и комора) изнесува 13,25 м. Во гробницата бр. 3, делумно оштетена од порано, се најдени 6 керамички садови исто така добро зачувани.[2] Гробниците издлабени во карпа од Дибек се дел од веригата на т.н. „македонски гробници“ распоредени по источниот раб на Пелагониската рамнина.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Ф. Месеснел, Једна гробница код села Суводола, „ГСНД“, XIV, Скопје, 1935, 201
  2. Т. Јанакиевски, Три раноантички гробници во стена од лок. „Дибек“ с. Суводол–Битола, „Maced. acta archaeol.“, 13, Скопје, 1993, 149-161
  3. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069