Бртви (Суводол)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Бртви“
| |
Местоположба | 41°3′54″N 21°32′4″E / 41.06500° СГШ; 21.53444° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Суводол |
Општина | Новаци |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Бртви — археолошко наоѓалиште во битолското село Суводол. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 500 м североисточно од селото, лево од стариот пат за селото Маково (сега потопен од акумулационото езеро), каде во 1977 година Заводот и музеј од Битола и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата од Скопје извршиле заштитно ископување при што се откриени темели од објекти градени од камен и кал. Најдени се фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди, како и сребрена монета од Валенс. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Поврзано
уреди- Манастирец — базилика од старохристијанско време;
- Дибек — гробница од хеленистичко време;
- Ѓорев Рид — населба од неолитско и доцноантичко време;
- Ѓорчева Воденица — населба од римско време;
- Бројанец — базилика од старохристијанско време;
- Тумба — населба од бронзено време;
- Туриграв — населба од доцноантичко време;
- Ума — населба од доцноантичко време;
- Шуплевец — населба од бакарно време;
- Суводол;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |