Шумска жаба
Шумска жаба | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Оддел: | Chordata |
Класа: | Amphibia |
Ред: | Anura |
Семејство: | Ranidae |
Род: | Lithobates |
Вид: | L. sylvaticus |
Научен назив | |
Lithobates sylvaticus (Леконт, 1825) | |
Распространетост на шумската жаба во Северна Америка | |
Синоними | |
|
Шумската жаба (Lithobates sylvaticus или Rana sylvatica[2]) е широко распространета во Северна Америка. Таа е едиснствената жаба која живее посеверно од Северниот Поларник. Изгледа како да е обична кафена жаба, меѓутоа во текот на зимата може да ѝ замрзнат до 70% од телото, а во таква состојба може да преживее и неколку месеци. Притоа и се забавени работата на срцето, дишењето, протокот на крв и работата на мозокот, но внатрешноста на самите клетки не се замрзнува, благодарејќи на посебните материи кои дејствуваат како антифриз.[3] Во рана пролет телото на жабата почнува да се одмрзнува, па за неколку часа таа почнува да потскокнува. Набрзо по будењето од зимскиот сон, шумската жаба заминува кон барите каде се одвива парењето. Од јајцата кои плутаат по водата наскоро излегуваат полноглавци. Нивниот развој во водата е исто така мошне брз, па до средината на летото тие ги напуштаат барите и се претвораат во возразни жаби. Летните месеци шумските жаби ги поминуваат по влажни шуми, а се хранат со остатоци од растенија, алги, пајаци, бубачки, полжави, ларви од бубачки и јајца или ларви од други водоземци, вклучително и шумски жаби.[4]
Опис
уредиШумската жаба варира во должина од 51 до 70мм. Женките се поголеми од мажјаците.[5][6] Возрасните шумски жаби вообичаено се посветло или потемнокафеави или со боја на ’рѓа, а околу очите се потемно пребоени.[7] Одредени жаби се во можност да варираат со бојата на кожа; Конант (1958) забележал една единка која била светлокафена и темнокафена во два различни наврати. Долниот дел од шумските жаби е бледо пребоен со жолти или зелени варијации.
Распространетост
уредиШумската жаба може да се најде од северна Џорџија и североисточна Канада на исток до Алјаска и јужна Британска Колумбија на запад.[8] Најраспространета е во Алјаска.
Надворешни врски
уреди„Шумска жаба“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ IUCN SSC Amphibian Specialist Group. (2015). Lithobates sylvaticus. The IUCN Red List of Threatened Species doi:10.2305/IUCN.UK.2015-4.RLTS.T58728A78907321.en.
- ↑ Yuan, Z.-Y.; и др. (2016). „Spatiotemporal diversification of the true frogs (genus Rana): A historical framework for a widely studied group of model organisms“. Systematic Biology. 65 (5): 824–42. doi:10.1093/sysbio/syw055. PMID 27288482.
- ↑ Storey KB; Storey JM (1984). „Biochemical adaption for freezing tolerance in the wood frog, Rana sylvatica“. Journal of Comparative Physiology B. 155: 29–36. doi:10.1007/BF00688788.
- ↑ Redmer, Michael and Trauth, Stanley E. (2005). Amphibian Declines: The Conservation Status of United States Species M. Lannoo, ed. University of California Press ISBN 0520235924.
- ↑ Monnet J-M; Cherry MI (2002). „Sexual size dimorphism in anurans“. Proceedings of the Royal Society B. 269 (1507): 2301–2307. doi:10.1098/rspb.2002.2170. PMC 1691160. PMID 12495496.
- ↑ Howard RD (1980). „Mating behaviour and mating success in woodfrogs, Rana sylvatica“. Animal Behaviour. 28 (3): 705–716. doi:10.1016/S0003-3472(80)80130-8.
- ↑ Conant R, Collins JT. (1998). A field guide to reptiles & amphibians: eastern and central North America. Third edition. New York (NY): Houghton Mifflin Company ISBN 0395904528.
- ↑ Wilbur HM (1977). „Interactions of food level and population density in Rana sylvatica“. Ecology. 58 (1): 206–209. doi:10.2307/1935124. JSTOR 1935124.