Штит (хералдика)

(Пренасочено од Штитот во хералдиката)

Во хералдиката, штитот е претставува главен елемент на еден грб. Неговиот облик датира од средновековните штитови на витезите кои ги носеле во битка, па така тие се разликуваат од регион до регион. Бидејќи овој облик претставува воинствена алатка, во Британија жените користеле лозанж (ромбоиден облик), додека свештените лица и жените во континентална Европа користат кружен или овален штит. Се среќаваат и други облици како ронделата, која честопати се доделува на истакнати членови на домородното население во Канада.

На кралскиот грб на Обединетото Кралство стоел мал штит на кралството Хановер во периодот помеѓу 1801 и 1837 г. кога британскиот монарх исто така ја имал и титулата „Крал на Хановер“

Малиот штит е помал штит кој е поставен врз (во) главниот штит. Овој се користи за звања, како да речеме за претенденти, или пак со слична намена, за означување на територијални претензии (т.е. повикување на право), но може да се користи и едноставно како фигура. Во англиската хералдика сорпугот на хералдичка наследничка (жена која нема браќа) може да го постави грбот на нејзиниот татко во средиштето на неговиот сопствен грб како претензија дека тој е глава на семејството на нејзиниот татко. Потоа следното поколение овој аранжман го преуредува со накрсна поделба.

Точки

уреди
 
Примери за штитови: 1: варјашки (или старофранцуски), 2: француски, 3: овален, 4: лозанж, 5: квадратен, 6: италијански, 7: швајцарски, 8: италијански, 9: германски, 10: полски, 11: португалски или шпански.

Ова се местата на штитот (на македонски и англиски) кои се употребуваат во блазони со цел да се опише каде (и како) треба да се нацрта фигурата:[1]

  • A - Чело (Chief)
  • B - Десно (Dexter)
  • C - Лево (Sinister)
  • D - Основа (Base)
  • E - Десно чело (Dexter Chief)
  • F - Средно чело (Middle Chief)
  • G - Лево чело (Sinister Chief)
 
  • H - Почесно место (Honour Point)
  • I - Повез (Fess Point)
  • J - Папок (Nombril Point)
  • K - Десна основа (Dexter Base)
  • L - Лева основа (Sinister Base)
  • M - Средна основа (Middle Base) (ретко употребувано)

Наводи

уреди
  1. Boutell, Charles (1914). Fox-Davies, A.C. (уред.). Handbook to English Heraldry, The (XI. изд.). London: Reeves & Turner. стр. 33.

Литература

уреди