Штефан-Болцманова константа
Штефан-Болцманова константа, симбол σ (во ) — физичка константа, фактор на сразмерност помеѓу вкупната енергија што ја зрачи единица површина црно тело во единица време и четвртиот степен на апсолутната температура во Штефан-Болцмановиот закон. Неговата вредност и релативната мерна несигурност се:
Штефан-Болцмановата константа може да се изрази со Болцмановата константа :
каде што:
- е Планкова константа, ħ е Планкова константа поделена со 2π (исто така и Диракова константа ),
- е брзината на светлината во празен простор .
Константата е именувана по физичарите Јожеф Штефан и Лудвиг Болцман.
каде што:
- е универзална гасна константа,
- е Авогадров број,
- е Ридбергова константа,
- е „релативна атомска маса“ на електрон,
- е константна моларна маса (1 g/mol по дефиниција),
- е константа на фина структура .
Поврзана константа е константата на зрачење[1], сразмерна на Штефан-Болцмановата:
Во Планковиот систем единици (), вредноста на Штефан-Болцмановата константа е еднаква на:
Константата σ, изведена од мерењата на Штефан, може да се запише во денешните единици:
Мерењето на Штефан било прилично точно и за 10,8 % помало од денешната измерена вредност.
Константата е содржана во двете верзии на Штефан-Болцмановиот закон, и во Штефановите патеки добиени експериментално и во Болцмановата термодинамичка деривација. И двете патеки припаѓаат на класичната физика. Теоретското изведување на константата бара квантна механика и изведување од Планковиот закон.
Наводи
уреди- ↑ „Radiation Constant“ (англиски).
- ↑ Crepeau.
Литература
уреди- Blevin, B. R.; Brown, W. J. (1971). „A Precise Measurement of the Stefan-Boltzmann Constant“ (PDF). Metrologia. 7 (1): 15−29. doi:10.1088/0026-1394/7/1/003. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-05. Посетено на 2013-03-01.
Надворешни врски
уреди- Штефан-Болцманова константа, CODATA вредност (англиски)