Шовељ Пешевски - Шољо

Шовељ Пешевски - Шољо ( 1926 во Клечевце, Кумановско20 октомври 1944 во Крушопек, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и чување добиток. Поради лошите материјални услови, бил принуден да стане слуга кај побогати соселани. Како осумнаесет годишен младинец се приклучил кон народноослободителното движење. Есента 1944 година, стапил во борбените редови на Третата македонска ударна бригада. Во нејзин состав учествувал во борбите против германските и бугарските фашистички окупатори кај Страцин, Лојане, Ристовац и Велес. Во една битка против балистите во близината на селото Крушопек, загинал на 20 октомври 1944 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 234. На |first= му недостасува |last= (help)