Шлојзинген
Шлојзинген (германски: Schleusingen) — мал град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на 10 километри северно од окружниот град Хилдбургхаузен и 12 километри југоисточно од слободниот град Зул.
Шлојзинген
Schleusingen | |
Градското собрание на Шлојзинген | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Хилдбургхаузен |
Градски единици | 18 |
Градоначалник | Андре Хенеберг |
Основни податоци | |
Површина | 125,59 км2 |
Надм. височина | 372 м |
Население | 10.620 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 85 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HBN |
Пошт. бр. | 98553 |
Повик. бр. | 036841 |
Портал | www.schleusingen.de |
Местоположба на градот Шлојзинген во рамките на округот Хилдбургхаузен | |
Координати | 50°31′0″N 10°45′0″E / 50.51667° СГШ; 10.75000° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиГрадот е сместен во историско-географската област Хенебергер Ланд, а своето име го добил од реката Шлојзе, која поминува јужно од градското јадро. Низ самиот град поминува потокот Нае, кој се влева во Шлојзе. Северно од градот, потокот Ерле, пак, се влева во Нае.
На подрачјето на градот се наоѓа Адлерсберг на височина од 850 метри.
Градски единици
уредиГрадското подрачје е поделено на седумнаесет единици:
- Алтендамбах
- Брајтенбах
- Ерлау
- Фишбах
- Гајзенхен
- Гетлес
- Готфридсберг
- Хекенгеројт
- Хиршбах
- Хинтерна
- Оберод
- Рапелсдорф
- Рачер
- Шлојзингернојндофр
- Зилбах
- Санкт Килијан
- Валдау
Политика
уредиГрадски совет
уредиСоветот на градот Шлојзинген се состои од 24 избрани членови и градоначалник. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Партија/Листа | Места | +/– |
FWS | 7 | + 4 |
CDU | 7 | − 3 |
SPD | 4 | + 2 |
Левица | 2 | ± 0 |
FWW | 2 | + 2 |
Актив | 1 | − 1 |
BZH | 1 | + 1 |
На локалните избори првпат се појавила партијата од крајната десница „Сојуз-Иднина-Хилдбургхаузен“ (BZH) и влегла во Градскиот совет.
Градоначалник
уреди- 1990 – јуни 2018: Клаус Бродфирер (CDU)
- од ноември 2018: Андре Хенеберг (FWS)
Збратимени градови
уредиШлојзинген е збратимен со следниве градови:
- Плетенберг, Германија (од 1990 г.)
Галерија
уреди-
Замок Бертолдсбург
-
Градската црква
-
„Тојче Шуле“, пример за франконска фахверк градба
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди„Шлојзинген“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)