Ширакава (село во Гифу)

Оваа статија е за селото во префектурата Гифу, Јапонија. За гратчето во Гифу, видете Ширакава (град во Гифу). За гратчето во префектурата Фукушима, видете Ширакава (Фукушима).

Ширакава
白川村
Село
Селското собрание на Ширакава
Селското собрание на Ширакава
Знаме на ШиракаваАмблем на Ширакава
Амблем
Location of Shirakawa in Gifu Prefecture
Location of Shirakawa in Gifu Prefecture
ДржаваЈапонија
РегионЧубу
ПрефектураГифу
ОкругОно
Управа
 • ГрадоначалникШигеру Нарихара
Површина
 • Вкупна356,64 км2 (13,770 ми2)
Население (1 јануари 2019)
 • Вкупно1.630
 • Густина0,046/км2 (0,12/ми2)
Час. појасЈапонско стандардно време (UTC+9)
Симболи на местото 
- ДрвоЈапонска бука
- ЦвеќеРододендрон
Телефонски број05769-6-1311
Адреса517 Хатогаја, Ширакава-мура, Оно-гун, Гифу-кен 501-5692
Мреж. местоМатична страница (јапонски)
Гасшо-зукури - традиционални сламени куќи во Ширакава.

Ширакава (јапонски: 白川) ― село сместено во Округот Ено, Префектура Гифу, Јапонија. Најмногу е историскиот комплекс Ширакава-го, мало традиционално село кое го прикажува градежниот стил познат како и гасшо-зукури. Заедно со Гокајама во Нанто во Тојама, тоа е едно од светското наследство на УНЕСКО.

Од 1 јануари 2019 година, селото има проценето население од 1,630 жители во 588 домаќинства и густина на населеност од 4.6 лица на км2.[1] Вкупната површина на селото е 356.55 км2.

Географија

уреди

Ширакава е планинско село сместено во далечната северна префектура Гифу, која се граничи со префектурите Ишикава и Тојама на планините Рјохаку. Планината Хакусан е највисоката кота од 2,172 м. Површината на селото е 95,7% планински шуми, а неговите стрмни места се карактеристични. Меѓу планините тече реката Шо, која продолжува на север во Нанто, Тојама. Повеќето од населението се наоѓа во нејзината речна долина. Од отворањето на тунелот Хида, до Ширакава може да се стигне во рок од 50 минути од Такајама, Гифу во споредба со претходното тричасовно возење и само еден час до Нанто во Тојама.

Соседни општини

уреди

Демографија

уреди

Според податоците за пописот во Јапонија,[2] населението во Ширакава се намалило во текот на изминатите 40 години.

Година на попис Население
1970 2.525
1980 2.132
1990 1.892
2000 2.151
2010 1.733
2020 1.630

Историја

уреди

Околината околу Ширакава била дел од традиционалната провинција Хида. За време на катастарските реформи по реставрацијата по Меиџи, околината била организирана во Округот Оно, Гифу. Селото Ширакава било создадено на 1 јули 1897 година со воспоставување на современиот систем на општини.

Економија

уреди

Месната економија е преовладувана силно од сезонскиот туризам. Поради приходите од туристите кои дошле да ги видат селата во гасшо-зукури стилот, финансиската состојба на селото е значително подобрена, а туристичкиот сообраќај се зголемил уште повеќе откако селото станало место на УНЕСКО. Сепак, зголемениот број посетители резултирло со оштетување на околината од загадувањето и од страна на месните жители, претворајќи ги своите домови во хостели, продавници за подароци и паркиралишта, што пак го загрозил статусот на светското наследство. Исто така, расте стравот дека промената во угостителството на туристите ќе му наштети на шармот на едноставноста на оваа околина и основната јапонска сценографија.

Образование

уреди

Ширакава има едно комбинирано државно основно/средно училиште (прва и втора година) управувано од селската власт. Селото нема четиригодишно средно училиште.

Превоз

уреди

Железници

уреди
  • Селото Ширакава нема никаква железничка патничка услуга.

Автопати

уреди
  • Експресен пат Токај-Хокурику Expressway
  • Национален пат 156
  • Национален пат 360

Сестрински градови

уреди
  •   - Албербело, Апулија, Италија, од 3 март 2005 година.

Месни знаменитости

уреди
  • Историските села Ширакава-го и Гокајама кои се назначени за светско наследство на УНЕСКО
    • Домот Вадаке - најголемата куќа гасшо-зукури во околината
  • Ширакава-го Хирасе Онсен (назначен како „национални лековити топли извори (онсен))
  • Браната Миборо, Езеро Миборо
  • Тунелот Хида
  • Хакушан Ринда (пешачка патека)
  • Премин Амау (天生峠, Амау Тоге), познат по своите есенски бои; На 30 минути пеш се наоѓаат мочуриштата Косо, исто така познати
  • Светилиштето Ширакава Хачиман, каде што на секои 14-15 октомври се одржува фестивалот Добуруку, познат по својот Нигоризаке.

Галерија

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди