Шехитка
Шехитка (словенизиран женски облик од „шехид“, исламскиот поим за маченик) — поим кој означува жена-самоубиец од четничко сепаратистичко движење. За првпат поимот е употребен во рускиот печат, а потекнува од истоимениот руски збор „шехидка“. Ваквите жени имаат извршено самоубиствени бомбашки напади во арапско-израелските конфликти, Чеченија, Русија, Ирак, Индија и Шри Ланка.
Во поранешните советски држави, овие жени се познати исто така и како „црни вдовици“ (руски: чёрные вдовы), алудирајќи на токсичноста на истоимениот пајак. Ова се должи на фактот дека повеќето се вдовици на мажи убиени од страна на руските сили во Чеченија. Овие жени станаа познати кај јавноста по заложничка криза во Москва во октомври 2002 година. Во 2003 година, руската новинарка Јулија Јузик ја скова фразата „невести на Алах“ за да се опише процесот со кој Шамил Басаев (командант во паравојската Бригада на маченици) регрутира чеченки.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |