Шенбрун

царски дворец во Австрија
(Пренасочено од Шенбрун (палата))

Дворецот Шенбрун (герм. Schloss Schönbrunn) — дворец во Виена, еден од најважните културни споменици во Австрија и до 1960 година бил една од најголемите туристички атракции во Виена. Дворецот и градините ги илустрираат вкусовите, интересите и аспирациите на сукцесивната Хабсбуршка династија.

Дворец и градини на Шенбрун
светско наследство на УНЕСКО
КритериумКултура: i, iv
Навод786
Запис1996 (XX заседание)

Рана историја

уреди
 
Катербург и дворецот Гонзага близу „Виенската Река“ во 1672. Во позадината ридот од подоцнежната Глориете.
 
Шенбрун од предната страна, насликан од Каналето во 1758

Во 1569 година, царот на Светото Римско царскто Максимилијан II купил голема водна површина од реката во Виена под ридот сместен помеѓу Мајдлинг и Хицинг, каде поранешниот сопственик во 1548 година имало подигнато фворец наречен Катербург. Царот наредил областа да се огради и таму ставија дивеч како фазани, патки, елен и дива свиња со цел да служи како терен за дворско рекреационо ловење. Во мал одвоен дел од областа се чуваа “егзотични птици“ како мисирки и пауни. Исто така беа изградени и рибници.

Името Шенбрун (во буквален превод „убав бунар“), потекнува од артериски бунар чијашто вода ја конзумираа во дворецот: Легендата вели дека царот кога го видел за првпат извикал „Колку убав бунар!“.

Во наредното столетие, областа се користеше како парк за лов и рекреација. Особено Елеонора Гонзага, која го сакаше ловот, помина многу време таму и областа и стана дворец на вдовица по смртта на нејзиниот сопруг, Фердинанд II. Од 1638 до 1643 г. таа го присоедини дворецот кон Катербург. Меѓутоа за првпат во 1642 година, се спомнува „Шенбрун“. Почетоците на шенбрунската оранжерија исто така влечат назад до Елеонор Гонзага: соопштено е дека „околу илјада италијански дрвја“ се чуваа по волја на таа италијанска дама, помеѓу нив две дузини од цитронови дрвја (германски: Pomeranzen).

По турската опсада од 1683 година градбите биле уништени и никогаш не биле обновени.

Денешниот дворец

уреди

царот на Светото Римско Царство Леополд I му наредил на архитектот Јохан Бернхард Фишер фон Ерлах да проектира нов дворец. Првата скица беше утописка, работејќи со различни антички и современи идеали настојувајќи да го достигне урнекот Версај. Втората скица прикажа помала и пореална градба. Изградбата започна во 1696 година и по три години првите свечености се одржуваа во новоизградениот дел од дворецот.

Неколку делови од првиот дворец опстојале, особено поради тоа што Марија Тереза на која што имотот и беше подарок од татко и (кој за тоа покажа мал интерес), откако беше крунисана, одлучи да ја направи дворецот летна царска резиденција. Му нареди на дворскиот архитект Николо Пакаси да ги преправи дворецот и градината во рококо-стил. На крајот од таканаречената епоха на Терезија, дворецот Шенбрун беше силен центар на Австриската империја и царското семејство и остана нивна летна резиденција повеќе или помалку сè до „абдицирањето“ на Карл I во 1918 година.

Во XIX век едно име е тесно поврзано со Шенбрун, царот Франц Јосиф. Тој беше роден таму, каде што и го помина поголемиот дел од својот живот и умре таму на 21 ноември 1916 година во неговата спална соба. За време на неговото 68 годишно владеење, на Шенбрун се гледаше како на Gesamtkunstwerk (сеопфатно уметничко дело) и е трансформирана во согласност со својата историја.

Градини на Шенбрун

уреди
 
Поглед од „Големиот партер“ кон Глориета.

Градинарскиот простор со скулптури, помеѓу дворецот и Нептуновиот бунар (гледан од правец на Глориете, кој се наоѓа на врвот од ридот) е наречен „Големиот партер“. Француската градина голем дел од областа беше проектирана во 1695 година од Џин Трехет. Меѓу другото содржи лавиринт.

Комплексот вклучува и атракции: покрај Тиргартен, најстарата зоолошка градина во светот (основана во 1752), околу 1755 г. се изгради оранжерија, поим за раскош во европските двореци од тој вид и вредна за спомнување куќа со палми (заменета во 1882 г. со околу десет помали стаклени куќи на западниот дел од паркот). Западниот дел беше преправен во стил на Англиска градина од 1828 до 1852 г. На крајот од западниот раб, ботаничката градина која се стануваше како поранешниот арборетум, беше преуредена во 1828 г. кога Старата Куќа на Палми беше изградена. Реставрацијата на последнава градина е во тек и делумно ќе биде куќа современо оградена за орангутани, покрај ресторанот и канцелариите. Во 2009 г. ќе биде повторно отворена.

Скулптури

уреди

По „Големиот партер“ има наредено 32 скулптури, кои се алегории на божества и сили.

Глориете

уреди

Оската на градината е свртена кон рид висок 60 м, кој од 1775 г. е крунисан со Глориете (потсети се дека Фишер фон Ерлах првенствено планираше да го изгради главниот дворец на врвот на тој рид).

Марија Терезија одлучила Глориете да биде проектирана да ја слави Хабсбуршката моќ и Праведната војна (војна која би била остварена од „потреба“ и води кон мир) и на тој начин наредува да се преработи „на друг начин неупотребливиот камен“ кој беше оставен од неодамна демолираниот Замок Нојгебојде (Schloss Neugebäude). Истиот материјал беше исто така користен за Римските урнатини.

Во Глориете денес се наоѓа кафеана и му пружа на посетителот поглед кон градот.

Римска урнатина

уреди
 
Римска урнатина во Шенбрун.

Првобитно позната како Картагинска урнатина, Римската урнатина беше проектирана од архитектот Јохан Фердинанд Хецендорф и изградена во 1778 г., исклучиво како нова архитектонска атракција. Целосно вклопена со опкружувањето на теренот на паркот, овој архитектонски комплет би се сфаќал како живописна хортикултурна појава, а не едноставно како урнатина, која поради недоволно одржување повеќе наликува на негова неодамнешна реставрација.

Модата за живописни урнатини што стана широкораспространета со појавата на движењето во периодот на романтизмот набргу по средината на XVIII век го симболизира и опаѓањето на големите сили и сочувувањето на остатоците од херојско минато. Во исто време не толку далеку од Римската урнатина се изгради фонтана обелиск со која се претендираше да се заврши иконографската програма на паркот на Шенбрун како симбол на стабилност и трајност.

Римската урнатина се содржи од правоаголен базен опкружен од масивен свод со странични ѕидови, предизвикувајќи впечаток на античка градба која бавно се распаѓа. Во базенот пред урнатината се наоѓа навидум случаен распоред на камени фрагменти кои потпираат скица која ги симболизира реките Дунав и Ин.

Сребрената монета на Шенбрун

уреди

Неодамна дворецот беше избран како главен мотив за високо вреднувана комеморативна монета: Сребрена монета на Шенбрун е австриската монета за 10 евра, искована на 8 октомври 2003 г. Предната страна го покажува централниот дел на предниот дел на дворецот позади една од најголемите фонтани на отворен простор.

Најнова историја

уреди

По падот на монархијата во 1918 г., новооснованата Австриска Репубика стана сопственик на Шенбрун и ги сочува собите и одаите како музеј.

По Втората светска војна и за време на сојузничката окупација на Австрија (1945-1955) Шенбрун, која во тоа време беше празна, беше барана за извршување на службите за британската делегација за Сојузничката Комисија за Австрија и за штабот за малиот британски воен гарнизон во Виена.

Подоцна се користеше за важни настани како што е состанокот меѓу Џон Кенеди и Никита Хрушчов во 1961 г.

УНЕСКО ја каталогизираше Шенбрун на за Светско наследство во 1996 г., заедно со нејзините градини, како извонреден ансамбл од барокот и пример за синтеза од уметности (''комплетно уметничко дело'').

Влезници се бараат за дворецоти повеќето од градбите, додека влезот во градините обично е бесплатен. Сите делови од областа не се достапни за јавноста.

Денеска тој е посетуван од повеќе од 5 милиони туристи годишно.[1]

Активностите на замокот Шенбрун денес

уреди

Замокот денес е многу популарно туристичко одредиште со долги редици за влез. На порталот, картите може да се купат однапред за патувањата. Освен патувањата, достапни се многу класични концерти на кои се изведува музиката од В.А.Моцарт и неговите современици посетителите може да уживаат во дополнителна благодат поминувајќи повеќе време во спектакуларните дворани, Оранжеријата, или театарот, концерти, свечени концерти со вклучени патувања или пакети со ручек, пат, концерт и крстарење и можат да се резервираат однапред преку фирмата Класиктик.

Во филмовите

уреди

Градината и дворецот беа место за снимање на во различни филмови, како што се трилогијата „Сиси“ во 1950 г, во „Здив на скандал“ со Софија Лорен и накратко во „Здивот на смртта“ со Џејмс Бонд.

Галерија на слики

уреди
Панорама од влезниот двор.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди