Шенандоа (филм од 1965)

Шенандоа (англиски: Shenandoah) - американски вестерн-филм од 1965 година, во режија на Ендрју В. МекЛакглен, според сценариото на Џејмс Ли Барет. Во главните улоги настапувааат: Џејмс Стјуарт, Патрик Вејн, Џин Корбет, Филип Алфорд, Кетрин Рос, Розмари Форсајт, Џин Џексон и Џорџ Кенеди. „Шенандоа“ е антивоен филм со тема од Граѓанската војна во САД. Филмот добил одлични оцени од критичарите и бил номиниран за наградата „Оскар“, во категоријата за најдобар звук (Волдон О. Вотсон). Десет години подоцна, врз основа на филмот бил направен успешен мјузикл што се прикажувал на Бродвеј повеќе до илјада пати, а авторот на текстот Барет ја освоил наградата „Тони“.[1]

Синопсис

уреди

Чарли Андерсон (го игра Стјуарт) е имотен фармер од Шенандоа, во Вирџинија. Граѓанската војна беснее веќе неколку години, но домот на Чарли сè уште не е загрозен од војната. Чарли упорно избегнува да учествува во војната, зашто се грижи за своите шест сина и за ќерката, кои настојува да ги заштити од последиците на војната. Меѓутоа, набргу, ќерка му Џени (ја игра Форсајт) се мажи за Сем (го игра МекКлур), кој е војник во армијата на Конфедерацијата, а најмладиот син Бој (го игра Алфорд) е заробен од војската на Северот. Оттука, откако војната доаѓа до неговиот дом, Чарли поаѓа во очајничка потрага по исчезнатиот син...

Наводи

уреди