Шват
Шват (шеват или шебат; хебрејски: שְׁבָט; од акадски: шабату) — петтиот месец од граѓанскиот и единаесеттиот месец од верскиот еврејски календар. Ова е зимски месец со 30 дена. Обично се паѓа во јануари-февруари според грегоријанскиот календар.
← тевет шват (שְׁבָט) адар → | ||||
---|---|---|---|---|
Ту бишват — Нова година на дрвјата се паѓа на 15 шват, кога цветаат бадемите во Израел. | ||||
Реден број: | 11 | |||
Денови: | 30 | |||
Годишно време: | зима | |||
Грегоријански: | јануари–февруари |
Празници во шват
уредиШват во еврејската историја
уреди- 24 шват 517 п.н.е.: Пророштвото на Захарија.
Од библиската книга Захарија, 1:7-16:
На дваесет и четвртиот ден од единаесеттиот месец — а тоа е месецот Шеват — во втората година на Дариј, дојде слово Господово до пророкот Захарија, синот Берехиев, син на Идо. Затоа вака вели Господ: „Јас се враќам кон Ерусалим со милосрдност; во него Ќе се изгради Мојот дом, вели Господ Саваот, и мерно јаже ќе се протегне низ Ерусалим“. [2]
Кај други јазици
уредиНаводи
уреди- ↑ Данон, Цадик (2008). Основни поими на јудаизмот (PDF). прев. Марија Алексиќ (II. изд.). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. ISBN 9989-102-14-7.
- ↑ Захарија 1:7-16, Библија на македонски јазик: Стар завет, стр. 1171-1172 PDF
- ↑ şubat — Турско-македонски речник, оф.нет
Надворешни врски
уреди- Овој месец во еврејската историја (англиски)