Адар
Адар (хебрејски: אֲדָר, од акадски: adaru) — шестиот месец од граѓанскиот и дванаесеттиот месец од верскиот еврејски календар. Ова е зимски месец и има 29 дена. Во престапни години, му претходи 30-дневен вметнат месец наречен „Адар ришон“, „Адар I“ или „Адар алеф“, при што тогаш првоспоменатиот се нарекува „Адар шени“, „Адар II“ или „Адар бет“. Адар I и II се паѓаат во февруари-март во грегоријанскиот календар.
← шват адар (אֲדָר) нисан → | ||||
---|---|---|---|---|
Во адар се празнува Пурим — празник во спомена на ослободувањето на Евреите од персиското ропство | ||||
Реден број: | 12 | |||
Денови: | 29 | |||
Годишно време: | зима | |||
Грегоријански: | февруари–март |
Празници во адар
уреди- 13 адар (II во прест. год.): Пост на Естире (на 11 адар кога 13-ти се паѓа во Шабат)
- 14 адар (II во прест. год.): Пурим
- 14 адар I (не постои во непрестапна година): Пурим катан
- 15 адар (II во прест. год.): Шушан Пурим - во обѕидани градови во времето на Исус Навин (Јеошуа)
- 17 адар (II во прест. год.) - гозба на Јом адар
На други јазици
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Овој месец во еврејската историја (англиски)