Тевет
Тевет (хебрејски: טֵבֵת)[1]; од акадски: тебету) — четвртиот месец од граѓанскиот и десеттиот месец од верскиот еврејски календар. Следи по кислев и му претходни на шват. Ова е зимски месец со 29 дена. Обично се паѓа во декември–јануари според грегоријанскиот календар.
← кислев тевет (טֵבֵת) шват → | ||||
---|---|---|---|---|
На 1 тевет 362 п.н.е., Естира крунисана за царица на Персија. | ||||
Реден број: | 10 | |||
Денови: | 29 | |||
Годишно време: | зима | |||
Грегоријански: | декември–јануари |
Грегоријанска Нова година
уредиГрегоријанската Нова година речиси секогаш се паѓа во тевет. Ретко се паѓа во околните два месеца (кислев или шват).
Празници во тевет
уреди- 25 кислев - 2 тевет: Ханука[2][3]
- 10 тевет: Десетти тевет (Асара бетевет, Посен ден)
Тевет во еврејската историја
уреди- 1 тевет (362 п.н.е.) — Естира станала царица на Персија.
Од библиската книга Естира, 2:16-17:
И беше земена Естира кај царот Ксеркс, во неговиот царски дом, во десеттиот месец, односно во месецот тевет, во седмата година од царувањето негово. Царот ја засака Естира повеќе од сите жени, и таа ја доби неговата благонаклоност и љубов повеќе од сите девојки; тој ѝ стави на главата царски венец и ја постави за царица на местото на Астина.[4]
По шест години, Пурим се паднал на 13 и 14 адар од хебрејската година 3504 (356 п.н.е.).
- 10 тевет (посен ден) - (587 п.н.е.) Опсада на Ерусалим
Наводи
уреди- ↑ сефардски, јеменски, мизрашки: тебет, ашкенашки: тебес
- ↑ Данон, Цадик (2008). Основни поими на јудаизмот (PDF). прев. Марија Алексиќ (II. изд.). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. ISBN 9989-102-14-7.
- ↑ или 3 тевет, ако кислев е краток
- ↑ Естира 2:16-17, Библија на македонски јазик: Стар завет, стр. 625 PDF
Надворешни врски
уреди- Овој месец во еврејската историја (англиски)