Чукар (Убого)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Чукар


Местоположба 41°38′25″N 21°56′51″E / 41.64028° СГШ; 21.94750° ИГД / 41.64028; 21.94750Координати: 41°38′25″N 21°56′51″E / 41.64028° СГШ; 21.94750° ИГД / 41.64028; 21.94750
Основни податоци
Место Убого
Општина Градско
Тип

 тумул


Период железно време
Портал „Археологија“

Чукарархеолошко наоѓалиште во селото Убого во Општина Градско. Претставува тумул од железното време.

Местоположба уреди

Чукар се наоѓа на околу 2 км од селото на десната страна на Брегалница во блокот 21 на стопанството „Вардар“.[1]

Ископувања и наоди уреди

На северниот крај на зарамнето плато издолжено околу 100-110 метри и широко околу 50 метри, има тумул со пречник од 12 метри, висок 1,5 метар. По површината на тумулот се гледаат вкопани камења, можеби од јадрото на насипот или конструкцијата на гробовите. Во централниот дел има длапка од површинско диво копање. [1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 87. ISBN 9989-649-28-6.