Чудесната судбина на Амелија Пулен

„Чудесната судбина на Амели Пулен“ (француски: Le Fabuleux Destin d’Amélie Poulain) — француско-германски филм од 2001 година, во режија на Жан-Пјер Жене (Jean-Pierre Jeunet), кој е автор и на сценариото, заедно со Гијом Лоран (Guillaume Laurant). Директор на фотографијата е Бруно Делбонел (Bruno Delbonnel). Музиката за филмот ја компонирал Јан Тиерсен, а главната музичка тема, „Животот на Амели“ (La Valse d’Amelie) станал еден вид химна на Париз. Главните улоги ги играат: Одри Тату (Audrey Tautou), Матје Касовиц (Mathieu Kassovitz), Лорела Кравота (Lorella Cravotta), Серж Мерлан (Serge Merlin), Жамел Дебузе (Jamel Debbouze) и Клотилд Моле (Clotilde Mollet). Филмот бил номиниран за наградите „Златен глобус“ за најдобар странски филм и за „Оскар“ во пет категории. Во 2002 година, филмот ја освоил Европската награда за најдобар филм, а освоил и други награди, како: БАФТА за најдобро сценарио, „Цезар“ за најдобар филм и најдобра режија итн. Филмот раскажува необична приказна за симпатичен и добронамерен лик при што си поигрува со необичните животни „совпаѓања“, со длабока космичка порака поврзана со смислата на животот. Филмот е богат со хумор, со фантазија, со наративна инвентивност и со прекрасни визуелни композиции.[1] Ова е најпознатиот филм на Жан Пјер Жене: веднаш по премиерата, филмот ги освоил симпатиите на публиката, како и на критиката, а две децении подоцна стекнал култен статус. Според ликот на Амели е создаден мјузикл, а по неа е именуван нов вид жаба.[2] Филмот има освоено вкупно 27 меѓународни филмски награди.

„Чудесната судбина на Амели Пулен“
оригинален француски постер
РежисерЖан Пјер Жене
СценаристЖан Пјер Жене (сценарио)
Гијом Лоран (дијалог)
РаскажувачАндре Дусолије
Главни улогиОдри Тоту
Матје Касовиц
Серж Мерлин
Руфус
Џамел Дбуз
МузикаЈан Тирсен
Премиера25 април 2001 (Франција)
5 октомври 2001 (Велика Британија)
16 ноември, 2001 (САД)
21 декември, 2001 (Австралија)
Времетраење122 мин.
ЗемјаФранција, Германија
Јазикфранцуски
Буџет11,400,000 евра
Бруто заработка173,921,954 долари

Синопсис

уреди

Ова е приказна за девојче кое пораснало одвоено од останатите деца. Нејзината мајка починала кога таа била мала. Нејзиниот татко, психолог, никогаш ја немал прегрнато. Само еднаш месечно ја прегледувал и затоа срцето на Амелија баш тогаш ќе почнело силно да чука. Поради тоа, татко ѝ сметал дека се работи за срцева мана, па ја оддалечил од другите деца. Откако ќе го напушти родителскиот дом за да стане независна, таа ќе развие необично активен живот. Амелија работи како келнерка во малото кафуле „Две ветерници“ во Монмартр чиј сопственик е поранешна циркузантка. На 22 години, Амелија води едноставен живот. Ужива во мали задоволства како собирање каменчиња кои се погодни за фрлање над вода, шетање низ Париз и набљудување луѓе или обидување да пресмета колку луѓе во тој одреден момент доживуваат оргазам („Петнаесет!“, како што ѝ вели на камерата). Еден ден, зад ѕидните плочки во нејзината бања, Амелија открива стара метална кутија која припаѓа на некое дете кое порано живеело во нејзиниот стан. Таа одлучува да го пронајде сега возрасниот човек кој ја оставил кутијата и да му ја врати. Ако го најде, ќе го направи среќен; ако не, ништо... Кога го пронаоѓа човекот, го следи и ја остава кутијата во телефонска говорница. Кога човекот влегува во говорницата во која ѕвонел теленфонот, ја здогледува кутијата и ја отвора. Со тоа му се враќаат сеќавања од детството и потресен оди во најблиското кафуле. Амелија го следи и гледа дека оставила позитивни ефекти на него. Пред неа и келнерите, тој возбудливо раскажува што му се случило. Од тој момент, Амелија одлучува дека во иднина ќе прави добри дела на луѓето за да ги направи среќни, како и на нејзиниот татко, колегите и соседите. Но додека таа им обрнува внимание на другите, тие не ѝ обрнуваат неа. Се плаши да не умре поради очај...

Улоги

уреди

Наводи

уреди