Пипи Долгиот Чорап (роман за деца)

роман за деца од Астрид Линдгрен

„Пипи Долгиот Чорап“ (шведски: Pippi Långstrump)роман за деца на шведската писателка Астрид Линдгрен, издаден во 1945 година. Книгата е преведена и објавена на повеќе од 90 јазици.[2]

Пипи Долгиот Чорап
Податотека:Пипи Долгиот чорап (издание на „Силсонс“).jpg
Корицата на „Пипи Долгиот Чорап“, издание на „Силсонс“ од 2003 година.
АвторАстрид Линдгрен
Изворен насловPippi Långstrump
ЗемјаШведска
ЈазикШведски
ЖанрРоман за деца
ИздавачRabén & Sjögren
Издадена
Ноември 1945 г.
МедиумПечатена (принт)
ISBN0-14-030957-8 Puffin Modern Classics, 1997
OCLC2798770
Клас. КБPZ7.L6585 Pi (прво во САД)[1]

Содржина

уреди

Романот се состои од 25 глави:[3]

  • Прв дел: Пипи доаѓа во вилата Вилекула
  1. Пипи доаѓа во вилата Вилекула
  2. Пипи сака да истражува, но запаѓа во тепачка
  3. Пипи ја бркаат полицајците
  4. Пипи оди на училиште
  5. Пипи не може да седи на едно место
  6. Пипи оди на излет
  7. Пипи оди во циркус
  8. Пипи ја посетуваат крадци
  9. Пипи е поканета на гости
  10. Роденденската забава на Пипи
  • Втор дел: Пипи се враќа на бродот
  1. Пипи пазарува
  2. Пипи и бродоломот
  3. Пипи има посета
  4. Пипи се простува
  5. Обидот на Пипи да се врати на море
  • Трет дел: Пипи го открива зборот „спунк“
  1. Пипи го открива зборот „спунк“
  2. Пипи ја испрашуваат во училиштето
  3. Пипи не знае да чита
  4. Пипи конечно заминува со „Хопетоса“
  5. Пипи доаѓа на островот
  6. Пипи во борба со ајкулата
  7. Пипи и разбојниците
  8. Бегството на Јим и Бук
  9. Пипи заминува од островот
  10. Пипи не сака да порасне

За делото

уреди

Според зборовите на авторката, романот „Пипи Долгиот Чорап“ настанал сосема случајно, кога нејзината болна ќерка Карин побарала да ѝ раскажува приказни за Пипи Долгиот Чорап, девојче кое го измислила таа. Бидејќи Карин и другите деца што ги слушале приказните барале Астрид Линдгрен да им раскажува сè повеќе за Пипи, еден ден, таа седнала и почнала да ги запишува приказните. Притоа, бидејќи името на девојчето било необично, Линдгрен одлучила да создаде необично девојче кое се разликува од сите други деца.[4]

Изданија на македонски јазик

уреди

Книгата „Пипи Долгиот Чорап“ е објавена и на македонски јазик.

  • Издание на „Силсонс“ од 2003 година, во превод на П. Димитрова; книгата е отпечатена во печатницата Графостил од Скопје, во тираж од илјада примероци; ликовно-графичкото обликување го извршил Зоран Димитриоски; јазичната редакција ја направила Елена Николовска; компјутерската подготовка на текстот ја направил Миле Грашкоски; книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-933-47-2.[3]
  • Издание на Просветно дело, Редакција „Детска радост“ од 2004 година во рамките на библиотеката „Лектирни изданија“), во превод на Радмила Џартовска; книгата е отпечатена во печатницата „Коста Абраш“ од Охрид; дизајнот и ликовно-графичкото уредување го направил Жарко Туниќ; автор на илустрациите е Димитар Божиков; лектурата и коректурата ги направил Дениз Тесторидес; книгата има 212 страници со обем од 20 сантиметри; таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-605-2.[5]

Наводи

уреди
  1. "Pippi Longstocking". LC Online Catalog. Library of Congress (lccn.loc.gov). Retrieved 2016-02-13.
  2. „Astrid Lindgren and the world | Astrid Lindgren“ (англиски). Astridlindgren.se. Посетено на 1 август 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. 3,0 3,1 Астрид Линдгрен, Пипи Долгиот Чорап. Скопје: Силсонс, 2003.
  4. „Белешка за авторот“, во: Астрид Линдгрен, Пипи Долгиот Чорап. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 209.
  5. Астрид Линдгрен, Пипи Долгиот Чорап. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004.