Објала (еднина: објало) – завивки, навои на нозете во вид на дебели чорапи.[1] Преку објалата се обувале обувки.

Финско-германска варијанта за намотување на објалата

Објалата се користеле и во војските, каде и најдолго се задржале во употреба. Во Источна Германија се задржале во употреба до 1968 година, во Финска до 1990, Украина до 2004 и во Русија до 2010 година. Парчињата ткаенина за завиткување на нозете биле со различна големина, а некаде определени и со стандарди (ГОСТ, Русија).

Објалата биле изработувани од памучни или волнени ткаенини.

Поврзано

уреди

Чорапи

Наводи

уреди