Човекот со златна рака (филм од 1955)

„Човекот со златната рака“ (англиски: The Man with the Golden Arm) – американски филм од 1955 година, во режија на Ото Премингер (Otto Preminger) по сценариото на Волтер Њуман (Walter Newman) и Луис Мелцер (Lewis Meltzer). Филмот, заснован на истоимениот роман на Нелсон Алгрен, бил еден од првите успешни филмови поврзани со дрогата и бил номиниран за „Оскар“ во три категории: најдобар глумец (Синатра), најдобра музика (Елмер Бернстајн) и најдобра сценографија. Главните улоги ги играат: Френк Синатра, Ким Новак, Елинор Паркер и Арнолд Стенг. Филмот претставувал нов успех на Синатра, а придонесол и за зголемувањето на популарноста на тогашната млада глумица Ким Новак која ја имала првата улога во престижен филм.[1]

Синопсис

уреди

По шестмесечно лечење од зависноста од дрога, Френки Машин (го игра Синатра) се враќа во Чикаго со намера да зпаочне нов живот како тапанар. Меѓутоа, неговите познаници и неподвижната супруга Зош (ја игра Паркер) го наговараат да ја искористи својата „златна рака“ и да игра покер со цел да заработи повеќе пари. Комарот, заедно со опкружувањето и незадоволството поради откажувањето од музиката, повторно го носат Френки во прегратката на дрогата, но неговата млада сосетка Моли (ја игра Новак) успева да го наговори да се пријави на аудицијата за тапанар во еден музички состав. По неуспехот на аудицијата, неговата состојба уште повеќе се влошува, а тој, иако невин, се наоѓа и на мета на полицијата...[2]

Наводи

уреди

[[Категорија:Филмови поврзани со коцкање]