Грбовен службеник

(Пренасочено од Чиновник на грбови)

Грбовен службеник или хералдички службеник — лице назначено од владетелот или државата со овластување да извршува една или повеќе од следниве функции:

  • да раководи со и покренува хералдички работи
  • да организира и учествува во свечени државни церемонии
  • да води и толкува грбословни (хералдички) и родословни (генеалошки) записници.
Бајраци со значки на неколку грбовни службеници во Колегијатот на грбови во Лондон.

По традиција овие грбовни службеници се делат на три ранга: грбовни кралеви, хералди и персеванти (следбеници). Службениците со постојана функција се нарекуваат редовни грбовни службеници, додека пак оние назначени привремено или понекогаш се нарекуваат вонредни грбовни службеници.

Средновековниот обичај да се назначуваат хералди или персеванти за потребите на едно благородничко семејство е сѐ уште честа практика во европските земји, особено во оние каде не постои официјален хералдички орган. Ваквата функција постои и во Шкотска, каде сѐ уште постојат четири приватни грбовни службеници. Овие функции се чисто советодавни.

Англија и Шкотска

уреди
 
Разни високи хералди на годишна служба на Редот на Подвеската во Виндорскиот замок, Англија.

Во Англија пак, со сите хералдички работи раководат тринаесет редовни службеници кои го сочинуваат здружението на Кралеви, Хералди и Персеванти, и имаат надлежност над целиот Комонвелтот, со исклучок на Шкотска, Канада и ЈАР. Во Шкотска со хералдички работи раководат Лордот Лајон, три хералди, и три персеванти, во рамките на строг законски систем кој не постои дури ни во Англија. Лордот Лајон го назначува Круната, и, со овластување на Круната, тој самиот ги назначува другите шкотски службеници. Редовните службеници кои го сочинуваат Колегијатот на грбови се членови на кралскиот дом и примаат симболична плата.

Ирска

уреди

Во Република Ирска, за хералдичките и генеалошките работи е задолжен службеникот наречен Главен хералд на Ирска, иако правната основа за оваа надлежност е јавно оспорена.

Холандија

уреди

Во Холандија не постојат постојани хералдички функции. Приватната хералдика не е покриена со закон, додека пак со државната хералдика и хералдиката на благородништвото раководи Високиот совет на благородници. Меѓутоа на церемонијата на крунисувањето на монархот присуствуваат двајца грбовни кралеви и два или четири хералда. Овие лица обично се членови на Високиот совет на благородници. Како речиси сите други учесници на церемонијата, овие службеници денес не носат церемонијална облека, туку само бела пеперушка. Најстариот грбовен крал е тој што го прогласува наследникот за крал (или кралица), откако наследникот пред тоа ќе се заколне на верност кон уставот. Потоа од црквата Њивекерк во Амстердам, каде се одржува церемонијата, излегуваат хералдите за да му објават на народот надвор дека земјата има нов монарх. [1].

Македонија

уреди
 
Хералдот на Македонското грбословно друштво, м-р Јован Јоновски облечен во табардот на службата држи предавање за хералдиката

Органот кој доделува грбови и раководи со хералдички работи во Македонија е Македонското грбословно здружение, чиј главен грбовен службеник е главен хералд д-р Јован Јоновски, кој во своја служба има двајца хералди: вардарски хералд д-р Иван Нацевски и еригонски хералд д-р Павле Арсоски. Постојат и два персеванти, Персевант Пчински и Персевант брегалнички, позиции кои моментално не се зафатени.[2]

Наводи

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди