Чеканче (коска)
Чеканчето (латински: maleus) е едно од трите слушни ковчиња што се наоѓаат во тапанската празнина на средното уво.
Чеканче | |
---|---|
Лево чеканче. А- задна страна, B- внатрешна страна. | |
Десна тапанска празнина (чеканчето видливо во центарот). | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | Malleus |
MeSH | A09.246.397.247.524 |
TA | A15.3.02.043 |
FMA | FMA:52753 |
Делови
уредиНа чеканчето се разликуваат:
- глава;
- врат;
- странична апофиза;
- горна апофиза;
- рачка што се поврзува со слушното тапанче.
Големина и поврзување
уредиЧеканчето како и другите две коски се најмалите коски во човековото тело и тие ја имаат целосната големина уште кога се раѓаме;
Слушен механизам
уредиУлога на чеканчето, стременот и наковалната во слушниот механизам:
- звучните бранови доаѓаат од надворешната средина и преку надворешниот слушен канал одат до мембраната на тапанчето;
- ковчињата во средното уво (чеканче, стремен и наковална) треперат и основата на стременот се раздвижува и удира на овалниот прозорец;
- треперењата на основата на стременот се пренесуваат преку овалниот прозорец до перилимфата на вестибуларната преграда на полжавот;
- треперењата го поттикнуваат слушниот орган (Кортиевиот слушен орган) и праќаат нервни импулси што одат до големиот мозок преку нервот на полжавот;
- откако ќе биде стимулиран органот за слух, вибрациите преминуваат во перилмфата на преградата на тапанчето и се губат во тркалезниот прозорец.
Галерија
уреди-
Малите ковчиња (чеканче, стремен и наковална).
-
Главата и вратот на осумнеделен човечки ембрион (чеканчето означено во горниот дел).
-
Кт слика на чеканче.
-
Ковчињата од средното уво.
Надворешни врски
уредиОваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |