Стремен (коска)

Стремен или узенгија (латински: stapes) претставува најмала коска во човековиот организам со должина од 3 mm, позната како узенгија.

Стремен
Gray918.png
Поглед од предна страна на стременот (A), и поглед од подолна страна (B).
Middle ear.png
Ковчиња и мускули во тапанската празнина на средното уво.
Податоци
Назнаки
Латинскиstapellos
MeSHA09.246.397.247.806
TAA15.3.02.033
FMAFMA:52751

ДеловиУреди

На стременот се разликуваат:

  • глава;
  • врат;
  • горна гранка;
  • долна гранка.

Поврзувања и големинаУреди

Стременот се поврзува со наковалната, и е последната коска од синџирот на ковчиња во средното уво, поставена во овален прозорец на внатрешното уво, чии движења предизвикаат бранови на перилмфите односно ендолимфите, со кои се завршува проводниот дел од аудитивниот орган преку кој се врши пренос на звучни бранови;

  • целосната големина како и на другите ковчиња ја има уште од раѓање.

Слушен апаратУреди

Улога на чеканчето, стременот и наковалната во слушниот механизам:

ГалеријаУреди

Надворешни врскиУреди