Чедо Шаревски
Чедо Шаревски (10 јули 1933 во Леуново — 9 јуни 1995 во Скопје) — македонски универзитетски професор, како и атлетичар и тренер.[1]
Чедо Шаревски | ||
Роден | 10 јули 1933 Леуново, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 9 јуни 1995 Скопје, Македонија | (возр. 61)|
Националност | Македонец | |
Занимање | универзитетски професор |
Животопис
уредиЗавршил Висока школа за физичка култура во Белград во 1959 година. Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1977 година на тема „Развој на атлетиката во СР Македонија од првите почетоци до 1975 година“. Хабилитирал на Факултетот за физичка култура во Скопје во 1981 година на тема „Состојба на наставата по атлетика во основното и насоченото образование во СР Македонија и предлог на мерки за нејзиното подобрување“.
По дипломирањето работел во Средното фискултурно училиште „Методија Митевски-Брицо“ (1959-1965), во Вишата школа за физичка култура, на која го предавал предметот Атлетика (1965-1978) и на Факултетот за физичка култура во Скопје, на кој бил избран за виш предавач, а потоа и за редовен професор по предметот Атлетика (1978-1995) и прв декан на Факултетот (1978-1980).
Бил врвен атлетичар, тренер, општествено-спортски работник и функционер. Објавувал стручни и научни трудови и е добитни на општествени признанија.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шаревски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1646. Text "series " ignored (help)