Црн клукајдрвец
Црн клукајдрвец | |
---|---|
Возрасна женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Клукајдрвци |
Семејство: | Picidae |
Род: | Dryocopus |
Вид: | D. martius |
Научен назив | |
Dryocopus martius (Linnaeus, 1758) | |
Распространетост |
Црниот клукајдрвец (Dryocopus martius) е голем клукајдрвец кој живее во серверните шуми на палеарктикот. Тој е единствен претставник од неговиот ред во тој предел. Неговата распостранетост се шири во Евроазија. Овој вид не е птица преселница. Овој вид е сличен со северноамериканскиот Dryocopus pileatus со кого имаат сличен начин на живот, односно споделуваат иста еколошка ниша. Црниот клукајдрвец го има и во Македонија.
Распространетост
уредиЦрниот клукајдрвец се распространува од источна Франција преку цела Европа, влучувајќи ги и Велика Британија и сервена Скандинавија. Го има и во делови од Азија, вклучувајќи ги и Кореја, Јапонија и Кина, и во Средниот Исток, вклучувајќи ги и Иран и Казахстан. Јужните граници на распространетост на овие клукајдрвци се во Шпанија и Италија, и исто така е познат како посетител во Португалија.[2]
Опис
уредиЦрниот клукајдрвец е долг од 45 до 55 см, со распон на крилата од 64 до 84 см.[3][4][5] Тежи просечно од 250 до 400 грама.[5][6][7][8] Покрај овие основни мерки, крилото му е долго од 22.7 до 26 см, опашката од 15.9 до 17.3 см, а клунот му е многу долг од 5 до 6.7 см и торзото му е од 3.6 до 4 см.[5] Црниот клукајдрвец е најголем од својот вид.[5][9] Перјето на овој клукајдрвец голем речиси колку чавка, е целосно црно, освен црвената круна на главата. Кај мажјаците целата круна е црвена, а кај женките само врвовите од круната се црвени и сето друго е црно.[3] Продорните жолти очи и манијакалните пискави крици што ги испушта, го прават овој клукајдрвец негативен лик во бајките. Гласот му е многу впечатлив и содржи два различни тона. Едниот е краток, висок, гласен свиреж „криии-крии-крии“ кој го прави двапати по ред; а вториот како чкрипење при пролетување со крилјата. За разлика од другите клукајдрвци, црниот нема елегантен лет со возвишување и спуштање, туку лета како да е несигурен, со често замавнување со крилјата и испружена глава.[5]
Живеалиште
уредиЦрниот клукајдрвец живее во шумските региони, вклучувајќи ги иглолисните, тропските шуми, суптропските и пределите на тајгата. Можно е да се појави и во шумите во близина на човечките домови вон сезона на парење. Може да се сретне од 100 до 2400 метри надморска височина.[2][5]
Поведение и гнездење
уредиКлукајдрвецот се храни така што го користи клунот како чекан за од мртвите стебла да ги извлече мравките и другите дрвни инсекти.[10] Како и сите клукајдрвци, овој вид има специфично прилагоден врат со силни мускули, што му овозможува да се пробие низ гранката. Поради големината на неговиот клун тој може да го улови пленот во внатрешноста на дрвото. За да застане убаво, има кратки, набиени нозе, долги остри канџи и многу цврсти пердуви на опашката. Тој почесто избира дрва со габични заболувања, со, на пример, гниење на срцевината, но може да одбере и здраво дрво. Кога ќе направи дупка, клукајдрвецот клука надолу по стеблото, создава мали комори поврзани со вдлабнати линии од неговото копање. Дупките што ги прави црниот клукајдрвец стануваат домови за многу птици и цицачи, и затоа се смета за клучна алка во животот на многумина од неговиот ред. Тој не само што прави живеалишта за други видови, исто така ја контролира популацијата на инсектите што живеат во дрвата, на тој начин помагајќи да се заштитат.[11]
Кога гнездото ќе биде готово, женките несат од две до девет јајца, а просечно несат од четири до шест. Клукајдрвците обично прават гнезда во топола или бор.[10] Парот се менува при лежењето на јајцата, како и при хранењето и чувањето на младенчињата. Малечките често се борат да излезат први од гнездото за побрзо да бидат нахранети. По 18 до 35 дена малите црни клукајдрвчиња ќе го напуштат гнездото, останувајќи со родителите уште една недела.[5]
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Dryocopus martius“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ 2,0 2,1 Peterson, R.T., Mountfort, G. and Hollom, P.A.D. (1993) Collins Field Guide: Birds of Britain and Europe. HarperCollins Publishers, London.
- ↑ 3,0 3,1 The Birds of the Western Palearctic [Abridged]. OUP. 1997. ISBN 0-19-854099-X.
- ↑ http://www.avibirds.com/euhtml/Black_Woodpecker.html
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 Woodpeckers: An Identification Guide to the Woodpeckers of the World by Hans Winkler, David A. Christie & David Nurney. Houghton Mifflin (1995), ISBN 978-0395720431
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2012-03-20. Посетено на 2013-04-09.
- ↑ Rolstad, J. r.; Rolstad, E.; Sæteren, Øy. (2000). „Black Woodpecker Nest Sites: Characteristics, Selection, and Reproductive Success“. The Journal of Wildlife Management. 64 (4): 1053–1066. doi:10.2307/3803216. JSTOR 3803216.
- ↑ Brazil, M. (2009) Field Guide to the Birds of East Asia: Eastern China, Taiwan, Korea, Japan and Eastern Russia. A&C Black, London.
- ↑ http://woodpeckersofeurope.info/?q=black_woodpecker[мртва врска]
- ↑ 10,0 10,1 Rolstad, Jorund; Rolstad, E.; Sæteren, Øy. (2000). „Black Woodpecker Nest Sites: Characteristics, Selection, and Reproductive Success“. The Journal of Wildlife Management (4. изд.). Allen Press. 64 (4): 1053–1066. doi:10.2307/3803216. JSTOR 3803216.
- ↑ Gorman, G. (2008) Central and Eastern European Wildlife. Bradt Travel Guides, Buckshire.
- Gorman, Gerard (2004): Woodpeckers of Europe: A Study of the European Picidae. Bruce Coleman, UK. ISBN 1-872842-05-4.
- Gorman, Gerard (2011): The Black Woodpecker: A monograph on Dryocopus martius. Lynx Edicions, Barcelona. ISBN 978-84-96553-79-8.