Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Купа
Успение на Пресвета Богородица или Света Богородица (грчки: Κοιμήσεως της Θεοτόκου, мегленовлашки: Sfânta Maria) — црква во селото Купа, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Успение на Пресвета Богородица | |
---|---|
Κοιμήσεως της Θεοτόκου | |
Христос Седржител на таванот | |
41°4′16″N 22°21′25″E / 41.07111° СГШ; 22.35694° ИГД | |
Место | Купа, Гуменџиско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XIX век |
Управа | |
Епархија | Гуменџиско-бојмичко-ругуновска |
Црквата е гробишен и парохиски храм, сметен на северниот крај на селото.
Историја
уредиХрамот е изграден во првата половина на XIX век.[1][3] Во 1920-тите настрадала во пожар.[4]
Во 1991 г. црквата е прогласена а споменик културата.[1]
Архитектура
уредиЦрквата е трикорабна базилика со дрвен покрив и галерија. Има едномансарден покрив со засеци на малите страни. Првично покривот имал камени плочи. На запад и на југ има трем. На запад е заграден, а на југ е овновен неговиот првобитен изглед. Влезот е од југ, а западната врата, поради висинската разлика, води право во галеријата во западниот дел на црквата. Над парапетот е поставена дрвена одрина. До галеријата се стасува по скалиште во северозападниот агол. Од оригиналните внатрешни украси опостоиле амвонот и еден проскинитар. Првобитниот дрвен иконостас е заменет со понов. Забележителни се и дрвените тавани, особено оној во средишниот кораб, кој има дрвени панели.[1] Иконите на иконостасот се дело на попот Христо Сакелариев од Петрово.[3] Има и икони и од неговиот соселанец Димитар Вангелов.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „14. Ιερός ναός Κοίμησης Θεοτόκου, Κούπας“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 24 јуни 2014.[мртва врска]
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/46531/1082 π.ε/7-2-1991 - ΦΕΚ 421/Β/21-6-1991“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-15. Посетено на 23 октомври 2014.
- ↑ 3,0 3,1 „Κούπα - Ιερός Ναός Κοιμήσεως Θεοτόκου“. Enjoy Kilkis. Архивирано од изворникот на 2022-05-15. Посетено на 14 март 2018.
- ↑ Minda, Theodor (2017). Meglenoromânii : Studiu istoric (PDF). Bucureşti: Editura Societăţii Culturale Aromâne. стр. 77. ISBN 978-606-93092-2-3.
- ↑ „Ταξιδεύοντας με τους ζωγράφους“ (PDF). Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Εφορεία Αρχαιοτήτων Κιλκίς. Посетено на 23 јуни 2018.